Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре сите на стадион: Македонија преку Шкотска до ЕП 2017

0
By Нова ТВ on October 10, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 10, 2016 22:40

Со евентуална победа и кикс на Исланд против Украина, тогаш сонот за Полска ќе стане јаве

 

Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година е пред историски момент да стане прв наш национален тим што успеал да се пласира на Европско првенство. За тоа е потребна победа попладнево против Шкотска во последното квалификациско коло. Ако желбата се оствари, а во меѓувреме се поклопи и со онаа во Рејкјавик што се однесува на кикс на Исланд против Украина, во тој случај „надежната“ генерација на селекторот Благоја Милевски ќе биде во прва во групата, позиција што носи и привилегија за директен пласман на завршнниот турнир во Полска.

14686521_1769160746680787_1522146636_n

Во случај, пак, на победа и на Исланд, Македонија ќе биде втора во групата и ќе оди во бараж. Она што, сепак, е најважно е да се заврши својот дел од задачата. Тоа е освојување на три бода за што и публиката треба да даде придонес, да дојде во што поголем број и да биде 12 играч на младите македонски репрезентативци кои во досегашните девет настапи и покажаа и докажаа дека заслужуваат и внимание и ветар во грб од трибините на националната арена.

 

14642953_1769159686680893_51005936_n

 

„Верувам дека ќе бидеме на исто ниво како и во претходните мечеви. Најважен за мене е фактот што сите фудбалери се здрави и мотивирани за победа. Промени во играта не планирам, ниту во поставеноста што не е случај со Шкотска. Имаат доста промени во ростерот и настапот против нас во првиот меч“, рече селекторот Благоја Милевски на денешниот брифинг со новинарите.

 

Притисок, вели Милевски, нема. Пристапот на подготовките бил максимално сериозен и професионално е одговорено во работата. Притоа повтори дека без оглед на конечиот исход, идните сениорски репрезентативци веќе се надминаа со демонстрираниот квалитет, менталитет и професионализам и најавија светла иднина.

 

„Важно е како ќе одиграме ние. Она што мора е максимално залагање. Другото, верувам, ќе дојде само. Ако го сториме тоа, на крајот ќе видиме дали било доволно за победа. Мора да одиграме бидејќи ако се надеваме на среќа, нема ништо да направиме. Не велам дека е непотребна меѓутоа велам дека приориет е да ја завршиме работата што е до нас. Со калкулации не се занимаваме ниту правиме“, потенцира Милевски.

 

Дуелот меѓу младите репрезентации на Македонија и Шкотска утре попладне на арената „Филип Втори“ со почеток во 18,45 часот. Во истиот термин во нашата група, Исланд ја пречекува Украина во Рејкјавик, а Северна Ирска во Белфаст е домаќин на Франција.

Благоја Милевски квалификации за ЕП 2017 млада репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.