Локалот е насловен „22 кафе“ по бројката што голманот на Ливерпул и белгиската репрезентација ја носи на дресот
Симон Мињоле си најде нова занимација во животот. По губењето на првотимскиот статус во Ливерпул и во белгиската репрезентација, голманот си отвори кафе бар во својата земја. Мињоле му беше резерва на Тибо Куртоа во мечевите со БиХ и со Гибралтар во квалификациите за СП 2018.
Јирген Клоп го седна на клупа и на „Енфилд“ и во последните два премиерлигашки настапа доби предност Лорис Кариус. На социјалните мрежи се поставени фотографии и вест за новиот кафе бар во Сент Труден, градот од кој потекнува Мињоле, што се вика „22 кафе“, според бројката на дресот што ја носи голманот.