Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Металург против Ла Риоха сака реприза од 2014 година

0
By Нова ТВ on October 15, 2016 СПОРТ
Фото: rkmetalurg.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 15, 2016 15:52

Дуелот меѓу македонскиот и шпанскиот вицешампион почнува во 17,30 часот во ВИП арената во СЦ „Борис Трајковски“

 

Металург во ноември пред две години ја совлада Ла Риоха во Скопје со 29:28 во ракометната Лига на шампиони. Оттогаш ниту составот е ист, ниту амбициите на тимот од Автокоманда, но што остана исто е вербата, пред се, кај Лино Червар. Иако Шпанците попладнево ќе гостуваат како првопласирани во групата Ц, а „металурзи ќе влезат во мечот од последната позиција, хрватскиот тренерски стручњак смета дека ривалот од Логроњо е непредвидлив меѓутоа не е непобедлив. Мечот почнува во 17,30 часот во ВИП арена на СЦ „Борис Трајковски“.

„Имаме млада екипа, мора да имаме трпение, свесни сме дека нè очекува долг пат. Враќање нема. Ла Риоха е добро вкомпонирана екипа, малку ѝ недостасуваше да слави против Барселона. Многуте грешки и промашени зицери, сепак, ја чинеа пораз. Нивната надворешна линија е за респект, знаат одлично да се трансформираат и да постигнуваат брзи и лесни голови“, вели Червар.

Денешниот дуел е втор за Металург пред неговите гледачи во ЛШ во оваа сезона. Го совлада Елверум со 18:17 во првото коло по што следуваа два пораза на гости (од Татран Прешов – 27:22 и од Чеховски медведи – 25:21). Во нив прикажаа различни полувремиња, по едно добро и лошо, што поради младоста и неискуството на екипата во формирање и не е дотолку изненадувачки.

„Ла Риоха, сепак, може да е победи. За тоа ќе мора да дадеме сто отсто од нашите можности и да ги сведеме грешките на минимум. За нас тие се огромен предизвик со кој полесно ќе се справиме со помош на гледачите“, додаде Червар кој денеска не може да смета на левото крило Марчец и левиот бек Младеновиќ.

Ла Риоха Металург ракомет Червар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.