Цибона, во Загреб, ги совлада „соколите“ со 102:79 за кои ова е петти пораз во петтиот во регионалното натпреварување
Карпош Соколи го доживеа петтиот пораз во петтиот настап во АБА лигата. Цибона славеше против дебитантот во регионалното кошаркарско натпреварување со 102:79.
Хрватскиот состав беше убедлив во три четвртини од средбата и да дигне „рачна“ во последниот. Првиот го доби со 30:19, вториот 27:22 и на полувреме замина со 57:41. Наредниот по паузата го реши со 25:16, за Карпош да успее да намали за два поена (20:22) во завршните 10 минути.
За Карпош ова е прв меч со 100 и повеќе примени коша во сезоната и втор пораз со над 20 поени разлика. Крка беше подобра со 81:64, Игокеа со 84:79, Морнар со 83:59, Партизан со 84:77 и сега Цибона со 102:79. Шестото коло носи македонски судир во АБА лигата, МЗТ Скопје е домаќин на „соколите“. „Штрковите“ утре попладне му ггостуваат на Задар.