НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЕФА, ЛШ: Реал М. по рутина со Легија, Роналдо по рекорд

0
By Нова ТВ on October 18, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Кралевите“ се домаќини на екипата од Варшава по 22 меча во низа без пораз во сите натпреварувања, Португалецот со два гола ќе стигна до 100 во европските клупски настапи

Реал Мадрид и Легија Варшава како „Давид и Голијат“ вечерва на „Бернабеу“ во меч од третото коло во групата Ф во Лигата на шампиони. За улогите на фаворит и аутсајдер нема потреба да се трошат зборови. Ќе рече некој „се е извесно овде, само е неизвесно со колку гола разлика ќе победи Реал“. Ако за победникот не постојат дилеми, тогаш постојат за Кристијано Роналдо.

Португалецот има 98 погодоци во европските купови и му недостасуваат уште два до јубилејната „стотка“ што никој досега не успеал да ја дофати. Ќе успее ли „ѕвездата на кралевите“ до подвигот останува да видиме вечерва.

Тренерот Зидан не може да смета на Рамос, Модриќ, Касемиро и Коентрао. Реал е без пораз во 22 меча во низа во сите натпреварувања и славеше во сите седум последни на домашен терен во Лигата на шампиони
Вториот меч во групата Ф што нуди и резултатска неизвесност се игра меѓу Спортинг и Борусија Дортмунд во Лисабон.

Два неизвесни меча во групата Е. Баер во Леверкузен го дочекува Тотенхен, ЦСКА во Москва ќе игра со Монако. „Фармацевтите“ не знаат за пораз на „Бај арена“ од март, а „спарси“ допатуваа во Германија со импресивен факт. Тимот од „Вајт Харт Лејн“ постигнуваше барем по еден гол на последните 21 натпревар.

Кај домашните под прашалник е настапот на Бендер, кај гостите ќе ги нема Алдервирлд и Кане. Баер викендот го совлада Вердер со 2:1 во Бундеслигата, Тотенхем ремизира со ВБА (1:1) во Премиерлигата.
На ЦСКА М. се чини не ѝ баш најдобриот во последниот период. Московјани беа трипати поразени во петте последни средби додека Монако загуби само два меча од 13. Иако Леонид Слуцки се сооочува со проблеми околу составот (ги нема Кауња, Џагоев, Еременко и Помазун), сепак, се надева дека неговиот тим ќе остане, најмалку, непоразен во натпреварот со францускиот лигаш во чии редови ги нема Алмами Траоре, Фалкао и Дирар.

Како што рускиот првак негува надежи дека ќе победи, така Игор Акинфеев посакува, конечно, да не биде совладан што не му се случило во ЛШ во последните 10 години.

Двојките за третото коло во групата Г се Лестер – Копенхаген и Бриж – Порто, а во групата Х, Јувентус му гостува на Олимпик во Лион, а Динамо Загреб е домаќин на Севилја.

Лига на шампиони
Вечерва играат
Група Е: Баер Леверкузен – Тотенхем, ЦСКА Москва – Монако
Група Ф: Реал Мадрид – Легија Варшава, Спортинг Лисабон – Борусија Дортмунд
Група Г: Лестер – Копенхаген, Бриж – Порто
Група Х: Олимпик Лион – Јувентус, Динам Загреб – Севилја
Сите мечеви почнуваат во 20.45 часот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.