Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Откако на Кастратовиќ и врачија отказ,Самсоненко самиот ќе биде тренер

0
By Нова ТВ on October 19, 2016 СПОРТ
Сергеј Самсоненко
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 19, 2016 21:27

Ракометниот женски клуб „Вардар„ веќе трет ден е без тренер по отказот што раководстото на клубот ѝ го врачи на Индира Кастратовиќ. Процедурата за нејзин наследник е во тек, но ништо конкретно нема на повидок иако се ближи нова обврска во ракометната Лига на шампиони.

Под притисок на времето, а во неможност за навремено решавање на проблемот, во македонскиот женски ракометен првак посегнаа по привремено решение. Направен е „тренерски тим“ во кој влегува и спонзорот на екипата, Сергеј Самсоненко, потоа Едуард Кокшаров, спортски директор и Аце Станковски досегашен асистент на Кастратовиќ.

„Се надевавме дека ќе одиграме добро против Ференцварош, но не беше така. Индира ја сакаме. Со неа бевме четири години и се надевам дека ќе остане дел од Вардар. Интензивно бараме тренер меѓутоа не сакаме да избрзаме со одлуката. Затоа предложив да направиме тренерски тим за претстојниот меч во кој се Самсоненко, Кокшаров и Станковски“, рече спонзорот на ЖРК Вардар, Сергеј Самсоненко.

Поранешната голманка на Кометал Ѓ.П. и на репрезентацијата на Македонија, Гордана Нацева која е претседател на ЖРК Вардар, се надева дека Кастратовиќ, сепак, ќе ја прифати понудата да остане во клубот.

„Не бевме задоволни од стартот во Лигата на шампиони. Имавме неубедлив старт и неочекувано загубивме бод на домашен терен. Клубот процени дека е неопходен одреден потег што ќе придонесе за засилување на тимот и фокус на главната амбиција, а таа е финале во Лигата на шампиони“, го почна Нацева своето излагање за почетокот на сезоната на ЖРК Вардар во Лигата на шампиони.

За разделбата со досегашниот тренер Индира Кастратовиќ рече:

 „Не беше лесно да се донесе таква одлука. Таа е во функција на високите амбиции на клубот и се надеваме на брза консолидација. Во однос на Индира имам и професионална и лична потреба да кажам дека таа е дел од овој проектот од самиот почеток, максимално се влложи во работата и остави белег и како тренер и како човек. Понудено е да остане во структурата на клубот и се надевам дека ќе одговори позитивно и ќе остане во семејството Вардар“.

Индира Кастратовиќ РЖК Вардар Сергеј Самсоненко
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.