Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД: СЈО мора да биде ослободено од опструкции при истрагите

1
By Нова ТВ on October 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 20, 2016 19:34

Американската амбасада во земјава апелира да се почитуваат законите и сите да соработуваат со Специјалното обвинителство при неговите истраги. Како што велат од Амбасадата за НОВА, СЈО мора да има можност да спроведе длабока истрага за да се стави крај на политичката криза.

– Специјалното обвинителство мора да има можност да спроведе длабока, независна и истрага ослободена од препреки и одлагања и владините институции и политички партии треба да соработуваат во тие процеси. Според Договорот од Пржино, воспоставувањето одговорност за неовластеното прислушување и индициите за владини злоупотреби се клучен чекор за да се заврши политичката криза и да се врати земјата на патот за членство во ЕУ и НАТО, одговара Американската амбасада на прашањето на НОВА за опструкциите со кои се соочува СЈО.

Тимот кој го предводи Катица Јанева веќе втор ден во Управата за безбедност и контраразузнавање се обидува да добие материјали клучни за да се спроведе истрагата кој всушност прислушувал во Македонија, но истиот наидува на опструкции од највисокиот врв во УБК.

Јанева неодамна соопшти дека при претресот со судски налог во УБК, покрај првиот човек Владимир Атанасовски, присутни биле и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов и поранешниот прв човек на полицијата Митко Чавков, без притоа да се разјасни зошто се таму.

Вчера СЈО поднело и предлог за казнување на директорот на УБК Атанасовски, бидејќи одбивал да постапи на повеќе барања поднесени кон УБК од страна на СЈО.

Атанасовски не одбивал да постапи само по вчерашната судска наредба, туку и кон многу други барања коишто СЈО ги упатувало кон него во изминатиот период, не само за „Пуч“, туку и за многу други предистражни постапки.

Предлогот е доставен од Основниот суд – Скопје 1 којшто треба да одлучи за казнување на Атанасовски, а според Кривичниот законик казната е парична, и тој би можел да биде казнет  од 2,5 до 5 илјади евра.

американска амбасада Договор од Пржино истрага опструкции СЈО УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.