Македонската машка ракометна репрезентација ќе се собере за првпат по 15 години без Наумче Мојсовски и Филип Миркуловски. Двата стандардни лика во „црвено-жолтиот“ дрес од минатото најавија повлекување од националниот тим и останаа доследни на таквата одлука.
Лино Червар денеска објави список со 28 играчи за дуелите со Украина на 2 ноември на домашен терен и на гости во Чешка, три дена подоцна, во квалификациите за Светското првенство во 2018 година. Изборот е проширен, ќе претрпи кратење во текот на подготовките, а единствено мало изненадување е изземањето на голманот Никола Митревски.
Во комбинација за мечевите во Скопје и во Плзен се: Борко Ристовски (Барселона), Мартин Томовски (Металург), Златко Даскаловски (Универзитатеа Темишвар), Дејан Манасков (Рајн Некар Левен), Гоце Ојлески (Одорхеи), Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт), Никола Костески (Металург), Стојанче Стоилов (Вардар), Жарко Пешевски (Металург), Никола Маркоски (Линамар), Филип Лазаров (Универзитатеа Темишвар), Аце Јоновски (Бергишер), Немања Прибак (Бешикташ), Кирил Лазаров (Барселона), Влатко Митков (Кремс), Филип Талески (Металург), Филип Кузмановски (Металург), Стефан Дрогришки (Mеталург), Велко Марковски (ППД Загреб), Мартин Поповски (Вардар јуниор), Иван Тасевски (Пелистер), Марко Нелоски (Металург), Мартин Велковски (Металург), Ласко Андоновски (Пролет 62), Давор Палевски (Металург), Ристо Арнаудовски (Ферлах), Филип Чурлевски (Еурофарм Работник), Кирил Колев (Пелистер).
Покрај Македонија, Украина и Чешка, во групата се наоѓа и селекцијата на Исланд.