НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Викиликс автор на вчерашниот сајбернапад врз САД, истрагата скептична

0
By Нова ТВ on October 22, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Твитер, Спотифај, Амазон, еБеј како и медиумите Си-Ен-Ен или Њујорк Тајмс, Фајнаншл Тајмс, Гардијан или Бостон Глоуб во петокот беа недостапни за голем дел од Американците. Причина е сајбернапад врз една фирма посредник помеѓу сајтот и провајдерите на интернет улсугата.

Според сајтот Политико, групи хакери кои им припаѓаат на Анонимус и Њу Ворлд изјавиле дека тие стојат зад нападите а тоа го правеле за да му дадат поддршка на основачот на Викиликс Џулијан Асанж. Пред неколку дена владата на Екватор, каде Асанж престојува, му го изгаснала на основачот на Виликилс пристапот до интернет.

“Сакавме да ја тестираме нашата моќ”, изјавил за Политико еден портпарол на Њу Ворлд чиј што псевдоним е Профет.

Но американската истрага која ја води ФБИ заедно со внатрешната безбедност е скептична и тврди дека се уште нема докази за да може ова да го потврди.

Нападот беше во форма на одбивање на услуга или, за познавачите, DDoS. Нападот се состои во оневозможување на серверот преку ставање премногу барања или трошење на ресурсите до нивно исцрпување. Тоа доаѓа од мрежа зомби компјутери кои се исто така хакирани. Во овој случај цел била фирмата Дин која е мост помеѓу ИП адресите и имињата на интернет сајтовите.

Овој вид напади е се почест. Неодамна Јаху беше жртва на ваков напад и беа доведени во опасност приватните податоци на над 500 милиони корисници. Повеќе напади беа забележани и врз финансискиот сектор и некои централни банки па така индустријализираните земји во рамките на Г7 пред неколку дена усвоија редица мерки за заштита.

Овде може да се наброи и нападот врз американската претседателска кампања со објавувањето, од страна на Викиликс, на мејловите на директорот на кампањата на Хилари Клинтон.

Според Бен Џонсон, поранешен хакер за НСА а коосновач на фирмата за информатичка безбедност Карбон Блек интернетот и денес функционира според протоколи кои беа креирани во периодот кога немаше сајбернапади. Тој тврди дека ваквите напади ќе продолжат и ова е само почеток на сајбернападите.

Викиликс САД сајбернапад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.