НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јончевски: По серија од 5-6 порази е тешко против секого

0
By Нова ТВ on October 24, 2016 СПОРТ
Фото: aba-liga.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Александар Јончевски, в.д. тренер на МЗТ Скопје, е задоволен што неговата екипа, конечно, ја прекина низата од пет порази во АБА лигата или шест во новата сезона земајќи го предвид и оној во Литванија од Лиеткабелис во Еврокупот. Македонскиот кошаркарски шампион го совлада Карпош Соколи со 74:71 во шестото коло во регионалното натпреварување и со подобрена самодоверба го дочекува ФИБА настапот против Цедевита во среда на домашен терен.

„Тежок натпревар. По серија од пет-шест порази е тешко да се игра против секого. Притисокот беше на наша страна бидејќи ние сме дел од оваа лига пет години, а тие се дебитанти. Успеавме да се справиме, успеавме да издржиме. Една-две топки можеби беа решавачки, но успеавме да се вратиме во игра и да завршиме со позитивен резултат“, вели, засега, привременото тренерско решение на клупата на „металците“.

Фото: aba-liga.com
Фото: aba-liga.com

Почетокот на мечот мина во знак на гостите од Карпош кои ја добија првата четвртина со 17 коша разлика (8:25). Аеродромци одговорија со две убедливи во продолжението. Се „стегнаа“ во одбрана во втората (16:6) и третата во која беа особено ефикасни и во напад (24:11) за целосен пресврт. Завршната повторно во корист на гостите (26:29) што, сепак, не беше доволно да избегнат пораз во СЦ „Јане Сандански“. Клоф со 14 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, Пери кај „соколите“ и воопшто во мечот со 22.

„На ден пред мечот се повреди Марко Симоновски, проблеми и со Мекиќ. Во финишот на средбата останавме и без Клоф кој дотогаш одигра солидно. Сè уште не знае од каква природа е повредата и дали и колку ќе паузира. Иако настапи со само два тренинга, придонесот на Даниел Кларк беше од големо значење“, додаде Јончевски.

Фото: aba-liga.com
Фото: aba-liga.com

Во наредното коло во АБА лигата, МЗТ Скопје ќе ѝгостува на екипата на Мега Лекс (недела, 19 ч.), Карпош Соколи ќе биде домаќин на Унион Олимпија (понеделник, 21 ч.).

АБА лига

Резултати, 6. коло

МЗТ Скопје – Карпош Соколи 74:71

Ц. звезда – Игокеа 68:66

Цедевита – Крка 82:83

ФМП Железник – Партизан 56:65

Будуќност – Морнар 85:68

Задар – Мега Лекс 90:86

Унион Олимпија – Цибона 72:89

Табела: Ц. звезда (6 поб.-0 пор.), Будуќност (6-0), Партизан (6-0), Цибона (5-1), Цедевита (3-3), Игокеа (3-3), Задар (3-3), Морнар (2-4), ФМП Железник (2-4), Крка (2-3), Мега Лекс (1-5), МЗТ Скопје (1-5), Унион Олимпија (1-4), Карпош Соколи (0-6).

АБА лига Карпош Соколи кошарка МЗТ Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.