Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки комитет:ОЈО да почне борба против криминалот

0
By Нова ТВ on October 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 26, 2016 13:54

Хелсиншкиот комитет реагира на отвореното писмо на јавни обвинители од Основното јавно обвинителство- Скопје,  упатено до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Реакцијата ја објавуваме во целост.

Во текот на вчерашниот ден, (анонимни) јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје упатија отворено писмо до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.  Имајќи предвид дека писмото не е потпишано ниту од овластено лице во ОЈО Скопје, ниту од здружение на јавни обвинители, непознато е кој го составил и кој стои зад изнесените наводи за „срамна непрофесионалност, нарушување на угледот на обвинителската професија, непочитување на етичкиот кодекс на јавните обвинители, создавање клима на непочитување на законите, прекршување на принципот на пресумпција на невиност, водење на политичка кампања“ итн.

Хелсиншкиот комитет потсетува дека непостапувањето на редовното обвинителство што беше главна причина за основање на Специјалното јавно обвинителство. Доколку редовното обвинителство беше професионално, уживаше углед во јавноста, го почитуваше својот кодекс и имаше создадено клима на почитување на законите, немаше да се наметне потребата од основање на СЈО. Што се однесува до принципот на пресумпција на невиност, за волја на вистината, иако обвинителството има законска обврска јавно да го штити овој принцип (Член 8, став 3 од Законот за ЈО), тоа никогаш не се обратило до јавноста и покрај флагрантно кршење на овој принцип од страна на политички функционери и медиумите.

Хелсиншкиот комитет потсетува дека редовното јавно обвинителство е еден од најкритикуваните сегменти на македонското правосудство. Негативните оценки за неговата работа можат да се прочитаат во сите извештаи на меѓународни институции и организации што ја следат состојбата во правосудството, вклучително и во голем број на документи на Обединетите нации и Европската унија. Овие критики се однесуваат на „селективната пасивност“ што „предизвикува загриженост за независноста“ на Јавното обвинителство, особено поради непостапувањето во предмети со „висок степен на политичка корупција“.

Наместо недоветно и непрофесионално споделување на наводи и упатување на критики кон СЈО, го повикуваме Јавното обвинителство конечно да ја започне борбата против корупцијата и организираниот криминал бидејќи само на тој начин ќе може да докаже дека ја остварува својата функција и придонесува кон реформите во правосудството како основни предуслови за владеење на правото, заштита на правата и интересите на граѓаните и напредок во Евро-атлантските интеграции на државата. Можеме да заклучиме дека се работи за нова епизода од кампањата против СЈО, бидејќи не е нормално да постои судир на две обвинителства на политичка основа, како што не е нормално на едно обвинителство отворено да му се спротивстават и основен суд и структури во МВР.

 

ОЈО реакција Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.