Во пресрет на почетокот на кампањата за предвремените парламентарни избори, пописната комисија на Државната изборна комисија (ДИК) јавува за проблеми врзани со легитимноста на изборниот процес. На вчерашната расправа во комисијата по повод заклучоците на пописната комисија формирана од ДИК е заклучено дека недостигаат 40 печати од избирачки места од Сопиште, Брвеница, Бутел, Брвеница.
Во меѓувреме, комисијата најави дека утре ќе биде ставен на увид и прочистениот избирачки список. Увидот ќе трае до 11 ноември, а списокот ќе се заклучи на 21 ноември. Изборите се закажани за 11 декември.