Барак Обама во неколку наврати се прикажа во јавноста како голем љубител на спортот, во ситуации и како добар познавач на приликите во одредени сфери. Американскиот претседател во заминување, во разговор за радио „Сириус ХМ“, со прогноза и за сезоната во НБА лигата и за Супербол натпреварот.
Кога е во прашање шампионскиот прстен во НБА лигата, Обама типува на кошаркарите на Голден Стејт, а како освојувач на Супербол ја гледа екипата на Њу Ингланд Патриотс.
Во телефонски разговор во емисијата „Sway in the morning“, првиот човек на САД го издвои новодојдениот Кевин Дурант од посебно значење за „вориорси“, прваци од 2015 година, за одново запоседнување на тронот. Голден Стејт во финалето од ланската сезона беа поразени од Кливленд Кавалирс, но Обама верува дека може да ја вратат титулата и покрај поразот во премиерниот дуел од Сан Антонио со 100:129.
„Типувам на „вориорси“ поради доаѓањето на Дурант. Мислам дека со него во тимот, Голден Стејт има премногу оружја на располагање. Во првиот меч „добија по нос“, но сметам дека им е потребно само време да се воиграат“, порача Обама во оваа пригода.