Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасов бил во ноќна рута со службена кола и бензин на државна сметка

2
By Влатко Чаловски on October 31, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 31, 2016 14:33

Туарегот со кој што дополнителниот заменик министер Диме Спасов направи две сообрајни несреќи, вечерта го наполнил резервоарот со бензин од службената картичка на Министертво за труд и социјала, иако возилото е доделено на располагање на Агенцијата за вработување и Спасов го користел противзаконски.

Ова го соопшти министерката за труд и социјала Фросина Ременски, која што рече дека денеска не го видела на работа заменикот Спасов.

– Ниту постои ниту може да постои документ за користење, решение, полномошно или налог, изјави Ременски зборувајќи за тоа што Спасов го возел џипот на Агенцијата за вработување.

Повикувајќи го да поднесе итна оставка поради нарушениот углед на институцијата, Ременски додаде дека освен Туарегот, директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, на Спасов му дозволувал да користи и други три автомобила кои се во сопственост на Агенцијата.

– Противзаконски располагал подолго време со уште други три возила кои се дадени на користење на Агенцијата. То значи дека и директорот противправно и спротивно на Правилникот за користење на службени возила, овозможил користење на автомобили неовластени за нив, дополни таа.

Таа рече дека за ова ќе испрати пријава до Владата и надлежните органи за злоупотреба на службената положба и овластување на директорот на Агенцијата за вработување, кој спротивно од законот, извршува функција со извршен мандат.

Во исто време Ременски информираше дека се преземаат и интерни мерки во Министертсвото за возачот кој дал лажна изјава во полиција дека тој го управувал Туарегот.

Тој бил вработен како возач во Министерството, но не бил личен возач на Диме Спасов.

Службената картичка со која завчера наточил бензин во Туарегот, министерката обелодени дека Спасов и претходно ја злоупотребувал.

Диме Спасов Туарег Фросина Ременски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.