Вкупно 41 судски процес се води во судовите во Македонија поради тоа што припадниците на ромската заедница се дискриминирани на граничните премини, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по денешната средба со невладините организации.
Тој додаде дека голем дел од овие процеси се со веќе правосилни судски пресуди и се товар за МВР и за државата.
„Ромите навистина се соочуваат со сериозен проблем и со дискриминација кога се обидуваат да излезат од државата. Треба да се достави укажување за начинот на кој се постапува на граничните премини“, рече Спасовски.
Министерот смета дека со укажувањето, дискриминацијата на граничните премини ќе станe минато и повеќе да не се руши угледот и на граѓаните и на државата.