НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Верзијата со возачот пропадна, Спасов призна дека возел

0
By Нова ТВ on November 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лицето кое по сообраќајката на заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, дошло да каже дека наводно тој го возел џипот, никаде не се споменува во официјалната приказна на Спасов.

НОВА објави дека ова лице, кое во билтенот на полицијата беше објавено со иницијалиите М.Т. е вработено во Министерството за труд и социјална политика. Ова за НОВА го потврдија извори од министерството и според нив, се работи за возачот на Спасов.

Според билтенот на МВР, некаде два часа по полноќ, откако Спасов почнал да бега од полицајците кое веќе почнале да земаат и искази, се појавило лицето М.Т. за да сведочи дека наводно тој го возел џипот „Туарег“ во кој биле Спасов и уште едно женско лице.

Возачот, сепак, не знаел да каже каде се случила сообраќајката, ниту да ја опише рутата по којашто се движел. Претходно придружничката на Спасов веќе дала исказ во кој потврдила дека тие биле сами во автомобилот, а и во моментот кога полицијата ги фатила по бркотниците низ Тафталиџе, од автомобилот излегол Спасов и девојката.

Пет дена по инцидентот, Спасов во интервју за една провладина телевизија изјави дека додека самиот го возел автомобилот, бил нападнат од вооружени лица, кои од засега непознати причини го бркале низ неколку скопски населба. Според него, во моментот кога застанал тие и физички го нападнале при што му бил вперен и пиштол.

Според верзијата на Спасов, набргу пристигнала и полицијата но тие превзеле ништо за да го заштитат од напаѓачите. Избегал од местото, затоа што се чувствувал загрозен.

На провладините медиуми беше објавено и видео на кое според нив, автомобилот го вози токму Диме Спасов.

НОВА објави дека лицата на снимките на „Сител ТВ“ кои наводно го вадат Спасов со пиштол од автомобилот се припадници на „Алфите“, а не насилници од коишто тој бегал. Со снимките располагало единствено УБК, а тие одбиле да ги достават снимките од СВР -Скопје, дознава НОВАТВ од извори во скопската полиција.

На прес конференцијата во вторникот, министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски изјави дека возачот кој во полиција се пријавил дека го возел службеното возило во петокот кога се случија сообраќајните незгоди, од понеделникот заминал на боледување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.