НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има ли иднина проширувањето на ЕУ

0
By Нова ТВ on November 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Аксел Сотирис Валден, поранешен висок европски функционер од Генералната дирекција за проширување на Европската комисија.

Претставниците на Комисијата и ЕУ редовно тврдат дека проширувањето не е заглавено и дека пристапот останува реална перспектива за Западен Балкан: погледнете ја Хрватска, погледнете ги чекорите кои другите ги прават (напредокот во преговорите со Црна Гора, отворањето на преговорите и поглавјата со Србија, албанската кандидатура, Косово и договорите за стабилизација и асоцијација на Босна…). Со оглед на тоа, топката е во раце на земјите, а тие не секогаш исполнуваат. Од нејзина страна, ЕУ ја унапредува нејзината политика за проширување за подобро да им помогне на земјите кои се подготвуваат за пристап во ЕУ. Оттука и зголемениот акцент на условеноста, темелните права, економското управување, итн.

За жал, оваа приказна веќе не е убедлива. Луѓето на Балканот кои перспективата за членство ја гледаат како единствена одржлива и прогресивна стратегија за нивните земји, и со право по мое мислење, во очај гледаат како пристапувањето бледнее во далечна иднина. Пристапниот процес, некогаш среднорочна стратегија за влез во клубот, сега стана отворен процес со безброј чекори кои се зголемуваат.

Малкумина се убедени дека отворањето на поглавјето од преговорите со Србија или влегувањето во сила на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Босна се голем напредок. Па дури и најтврдокорните про-Европејци сфаќаат дека официјалното објаснување дека доцнењето го одразува неизвршувањето на „домашната задача“ на земјите е, во најдобар случај, само дел од приказната. Зад декларираната цел за подобра подготовка за пристапување, оваа промена на политиката на проширување непогрешливо одразува замор од проширувањето во самата ЕУ.

Балканот сериозно назадува

Дозволете ми да појаснам. Причината зошто проширувањето на Балканот практично е заглавено не е само недостатокот на апетит за проширување во Европа. Не треба да ја опфатиме комплексната градба на услови и одредници поставени од страна на Брисел за да утврдиме дека повеќе од една од балканските земји-аспирантки не ги исполнуваат основните демократски предуслови за приклучување. Всушност, сведоци сме на значително уназадување. Се градат авторитарни режими, слободите се ограничуваат, опстојуваат состојби кои потсетуваат на мафијашки држави.

Балканот гради авторитарни режими, слободите се ограничуваат, опстојуваат состојби кои потсетуваат на мафијашки држави.

Сепак, анти-проширувачкото расположение на ЕУ сигурно не ги олеснува работите. Може дури и да тврдиме дека делумно е и одговорна за овие случувања, исто како што бесмислениот став на Грција кон Република Македонија го поттикна национализмот во таа земја. Ако ЕУ навистина сакаше да ѝ помогне на демократијата на Западен Балкан, ќе поставеше јасен среднорочен план за пристапување со едноставни критериуми за основно демократско функционирање, со тоа што мотиката ќе ја нарекуваше мотика кога станува збор за тие основни принципи, а ќе се воздржеше од микроменаџирање и постојано мешање во овие земји. Таквиот пристап несомнено ќе го зголемеше притисокот на режимите на кои сега им е удобно во играта на взаемно преправање. Во исто време ќе овозможеше јасна и веродостојна цел за про-Европејците.

Меката моќ на ЕУ се претвори во реалполитика

Денес, условувањата базирани на вредности и правила кои беа основа за „меката моќ“ на Унијата се заменети со чиста реалполитика.

Мислам дека демократските сили на Западен Балкан ќе мора да ги потврдат овие промени и да ги донесат потребните заклучоци. Јасно е дека тие не може да се надеваат дека ЕУ ќе биде „деус екс макина“ која ќе ги избави од нивните корумпирани режими.

Во нивната борба за демократија, тие во основа се оставени сами на себе. Еднакво е важно и дека наскоро ќе сфатат дека европската иднина на Балканот може да постои единствено во Европа која се менува. Не може цел на демократите да биде приклучување на Западен Балкан на Европа со режими како унгарскиот или полскиот или Европа во која г-ѓа Ле Пен е претседателка на Франција. Ниту во Европа која гради огради против мигрантите. Таква Европа нема иднина, а покрај тоа, сигурно не би ги примила балканските земји, без оглед на тактичките сојузи меѓу популистичките режими низ целиот континент.

Балканот не смее да одбере погрешен сојузник

Но, според мое мислење, земјите од Западен Балкан треба исто така да му одолеат на искушението да се претставуваат како бранители на економски и други политики кои во голема мера се одговорни за денешната европска криза. Тоа ќе значи избирање на погрешни сојузници во Европа.

Признавам, не претставувам розова слика за европската перспектива на Балканот. Но и перспективата на ЕУ во целина, со сегашните политики и состојби, не е розова. Игнорирањето на реалноста не нè води никаде. И јас цврсто верувам дека европската иднина на Балканот е нераскинливо врзана со тешката борба за голема промена во глобалната насока на ЕУ.

Вистина е дека претходните проширувања денес не изгледаат како „најуспешни политики на ЕУ“, како што нашироко беа претставувани. За многу граѓани во таканаречените „стари“ земји-членки проширувањето имаше видливи негативни последици: масовни миграциски движења, далеку над предвидувањата; делокализација на индустријата; притисок врз даночните системи, платите и социјалната заштита. Во период на економска и социјална криза, општоприфатеното објаснување дека сите овие случувања се позитивни затоа што придонесуваат на конкурентноста на ЕУ одекнуваат како провокација и ги тераат луѓето кон евроскептичен популизам.

Проширувањето “тројански коњ”?

За сè поголем дел од европското јавно мислење, неодамнешните проширувања не се, како што се тврдеше официјално, „штит против негативните последици од глобализацијата“, туку се „тројански коњ“ на глобализацијата која погрешно се сфаќа како исклучително негативна. Всушност, луѓето го преценуваат влијанието на проширувањето во контекст на глобализацијата. Полскиот водоводџија, литванскиот возач на камион, романските Роми и делокализацијата на автомобилската индустрија во Словачка често се повидливи од конкуренцијата од Кина и Бангладеш.

Исто така, сегашните унгарски и полски власти или континуираната дисфункционалност во Романија и Бугарија не се доказ за енергичните демократски општества кои се приклучија на Унијата по успешниот процес на пристапување. Јасно е и дека неодамнешните проширувања го зајакнаа таборот на оние во рамките на ЕУ кои се противат на продлабочување на интеграцијата.

Неодамнешните проширувања го зајакнаа таборот на оние во рамките на ЕУ кои се противат на продлабочување на интеграцијата.

Сепак, важно е причинско-последичните односи да не се разберат погрешно. Проширувањето не е причина за сето она што е лошо во ЕУ. Напротив, обратно е. Сериозните проблеми поврзани со последните проширувања се резултат на тоа што проширувањата беа инструментализирани од општата насока која ЕУ ја има последниве децении.

Проширувањето се искористи за зајакнување на доминантната неолиберална политика која произлезе во општествата со голема невработеност, несигурност, зголемена нееднаквост и постепено растурање на европскиот социјален модел. Проширувањето се искористи за разводнување на европскиот проект. Секторските и регионалните тензии, неизбежни во интегративните процеси, во голема мера се игнорираа, дури и беа добредојдени, а корективни мерки ретко се преземаа, во контекст на постоечката економска филозофија.

Дали Грција и Велика Британија беа прерано примени во ЕУ?

Исто така, не е праведно да се фокусираме единствено на антидемократските и антиевропските случувања во новите земји-членки и да заборавиме дека истите овие сили се пред портите во некои од постарите земји-членки и сè повеќе ја одредуваат агендата на Европа.

Тезата дека земјите од Централна Европа прерано беа примени во ЕУ го поставува прашањето дали тоа истото не важи и за Грција во 1981 година. Всушност, со оглед на моменталните случувања, дискусијата може да се прошири на тоа дека и приемот на Велика Британија во седумдесеттите беше голема грешка.

Но да бидеме сериозни. Проблемите со кои ЕУ се соочува денес не се проблеми од проширувањето, туку европски проблеми, проблеми од насоката која Европа ја зазеде, и треба да се решаваат како такви. Егзистенцијалната криза на ЕУ е таа која ги негува чувствата против проширувањето, а проширувањето не е тоа што ја предизвикува таа егзистенцијална криза. Ако европските граѓани Унијата не ја чувствуваат како сопствен дом, не чуди што не сакаат нови членови во неа.

Поблизок поглед на аргументите на противниците на проширувањето ќе открие дека тие потекнуваат од истата мантра како оние на националистичката регресија и ксенофобија, оние кои подигнуваат огради против бегалците, оние од кампањата за напуштање на Унијата, или оние кои ја застапуваат идејата за мала Еврозона и нова поделба на север и југ во Унијата. Тие се погрешни одговори за во голема мера оправданиот револт против сегашните политики и начин на владеење во ЕУ. Затоа, тие може да се поразат со препознавање на ќор-сокакот и предлог за алтернативен, прогресивен излез, а дефинитивно не со држење до статус кво, што во многу аспекти се покажа како катастрофално.

Проевропските сили на Балканот треба да се позиционираат во пошироката европска дебата. Дома, тие немаат друга опција освен сами да се борат за демократија и реформи.

Како што јас гледам, со сегашната состојба на Европа, понатамошно проширување не е на повидок. Реториката вештачки се одржува поради геополитички причини, дали поради антагонизам кон Русија, договорот за бегалците со Турција или мир на Косово. Мислам дека малкумина во ЕУ навистина веруваат во тоа. Од друга страна, во Европа која ќе се опоравува од сегашната агонија на единствениот одржлив начин, со радикално менување на насоката, понатамошното проширување или решавањето на незавршената работа на Балканот ќе дојде како природен исход.

3аживувањето на политиката за проширување на ЕУ, особено кон Западен Балкан, по мое мислење е единствено можно, и потребно, во рамки на поголема промена во целокупната насока на Унијата кон политики кои се посензитивни за вработување, еднаквост и развој, со солидарност во нивната основа. Без таква промена, самиот европски проект е во опасност, а напуштањето на политиката на проширувањето ќе биде мала колатерална штета.

Во овој контекст, мислам дека проевропските сили на Балканот треба да се позиционираат во пошироката европска дебата. Дома, тие немаат друга опција освен сами да се борат за демократија и реформи, во тесна соработка со нивните единствени вистински сојузници, силите кои во моментов се борат за подобра Европа и против политиките кои нè доведоа на чекор од амбисот.

Превод од англиски: Наташа Димитровска

 

Европска комисија ЕУ проширување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.