НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Америка гласа за претседател – светот е без здив

0
By Биљана Секуловска on November 8, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Вашингтон, дописничката на НОВА, Биљана Секуловска

Денес е момент кој го остава целиот свет без здив – кој ќе биде новиот претседател на САД е болка во стомакот за Американците, но не само за нив. Неизвесноста ги притиска сите – Хилари Клинтон, демократската кандидатка е само 4% пред Републиканецот Доналд Трамп, според најголем дел од анкетите.

Синоќа Клинтон и Трамп имаа завршни говори, но денеска веќе никој не е доволно самоуверен. Трамп се надева на белите гласачи, Клинтон на Латино гласовите, пресвртница секогаш е можна, таа всушност ги крева тензиите и високите тонови особено за време на изборната кампања.

Клинтон говори за обединување на нацијата, на земјата, Трамп пак не пушта веќе тонови за анти- семитизам, тоа стана мелодија, цинично коментира Дејна Милибанк за Вашингтон пост.

trampТаа мелодија на Трамп е погребна музика, и не само за анти- семитизмот, туку и за основните права, слободи, таа ксенофобија, опасни пораки против имигрантите, Латино, Муслиманите, оние луѓе кои живеат тука, навредливи и опасни пораки против сите што не се бели, но и мажи. Тој е и против хомосексуалците, правата на жените, правото на избор, правото на живот.

Закани со потценување, омаловажување, застрашувачки пораки за употребата на нуклеарното оружје, местото на САД во политичката мапа, светската политичка сцена, надворешната политика, улогата на супер-силата во светските организации и институции. Се тој става под прашање и најавува дека ќе биде редефинирано, само да ја земе палката, тој сака да владее со светот, наместо да сонува за владеење на демократијата и слободата.

Да, овие анализи и стравувања се анализи на интелектуалната елита, но ништо помалку свесна не е ниту ниската класа, работничката популација, недоволно образованите и помалку информирани. Тие добиваат сосема други, поинакви пораки од Хилари Клинтон, таа најавува праведно општество, цели кон поправедно, кон достоинствен третман на ниските слоеви, сите американски граѓани да имаат иста, еднаква шанса во здравството,образованието, шанса за вистински живот.

Тоа е големата идеја на Татковците на Америка, идејата за еднаквост, слобода, братство, всушност геслото на Франција кое сега го споменувам е девиза на сите позрели демократии, кои целат кон исполнување на сонот за целосна демократија, слободата да не ги рашири градите да дишат со полн капацитет.

Доналд Трамп избори САД Хилари Клинтон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.