Прогласена епидемија поради инфекција од бактерија Clostridium difficile на Одделението за ортопедија во болницата во Ужице, Србија, објавува српски Блиц.
Од 24 април на ова одделение починале 4 лица, од кои кај двајца пациенти е утврдено присуство на бактерија која предизвикува заболување на цревата.
Сите починати пациенти биле оперирани во тој оддел, а врз нив биле извршувани ортопедски зафати кои не се опасни по животот, така што нивната смрт на ниеден начин не може да се поврзе со операциите.
Бактеријата кај сите од починатите пациенти предизвикала тешки дигестивни проблеми.
Поради епидемија, за која е известен и институтот „Батут“, забранети се сите посети на пациентите на Ортопедија.