НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Транспаренси Интернешнл: Најмногу случаи на мито во здравството

0
By Нова ТВ on November 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една третина од испитаниците во Македонија кои одговарале за Барометарот на глобалната корупција за 2016 година, сметаат дека таа е еден од трите најзначајни проблеми со кои се соочува државата а на кои треба да работи Владата.

Во најголем дел, испитаниците платиле поткуп за обезбедување на услуги во здравството, при вадењето на службени документи како и во случаи со сообраќајната полиција.

Сепак, за потенцирање е дека граѓаните сметаат дека најкорумпирани во Македонија се пратениците од Законодавниот дом.

Но она што ги плаши граѓаните да пријават корупција се последиците, а многумина при истражувањето одговориле и дека корупцијата била тешка за докажување и не верувале дека ќе направат промена.

Образложувајќи го Глобалниот барометар на Транспаренси Интернешнл за корупција, Слаѓана Тасева од ТИ-Македонија потенцираше дека политичката корупција во Македонија е постојано присутна, особено при финансирањето на партиите.

– Политичката корупција е постојано присутна. Во формите во кои таа најчесто се јавува за време на избори, е во финансирањето на изборните кампањи, каде што постојано практика е финансирањето на кампањите да се спроведува преку поединци или компании кои после изборите сакаат да имаат влијание или учество во начинот на кој ќе се водат политиките. Помоќните овде предвремено инвестираат, изјави Тасева.

Според неа ова се случува бидејќи недостасува транспарентен систем за да се знае кој и како ги финансира кампањите, а не се објавуваат ниту изворите на донации.

Глобално земено, Барометарот на ТИ заклучува дека еден од тројца луѓе кои живеат во Европа и Централна Азија сметаат дека корупцијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочува нивната земја, а оваа бројка расте на двајца од секои тројца жители во Молдавија, Шпанија и Косово.

Речиси една третина од жителите на регионот веруваат дека нивната влада и законодавците се многу корумпирани, а мнозинството од луѓето велат дека нивните власти не прават доволно за да ја сузбијат корупцијата.

Повеќе од половината жители на земјите на Европската Унија (ЕУ) (53%), земјите кандидати за членство во ЕУ (53%), Заедницата на независни држави (ЗНД) составен главно од поранешни држави од Советскиот Сојуз (56%), велат, нивните држави не успеале да ја спречат корупцијата.

Властите во Украина (86%), Молдавија (84%), Босна и Херцеговина (82%) и Шпанија (80%) се најниско оценети од страна на нивните граѓани.

Барометарот е изготвен врз база на 60.000 испитаници во 42 држави во Европа и Централна Азија во врска со нивните искуства со корупцијата во нивниот секојдневен живот за новиот извештај „Луѓето и корупцијата: Европа и Централна Азија“, кој е дел од Глобалниот барометар за корупција за 2016 година.

Транспаренси Интернешнл дава четири клучни препораки за намалување на политичката корупција и помагање на луѓето да пријавуваат без страв од одмазда. Владите ширум Европа и Централна Азија треба, да имаат транспарентни услови за лобирање на јавен регистар на лобисти со што ќе се олесни надзорот над политичките одлуки; да ја обезбедат независноста на судството, особено во земјите кандидати за членство во ЕУ и земјите од ЗНД преку намалување на влијанието на извршната власт врз судството и обвинителството и преку објективни и транспарентни системи за назначување, преместување или разрешување на судии и обвинители;  да усвојат и спроведат опсежна легислатива за заштита на укажувачите и  да ги поддржат укажувачите и пријавувачите на корупција и да обезбедат соодветно проследување на она што го откриваат.

Корупција Транспаренси Интернешнл
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.