НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Климатското ѕвонче ќе ѕвони во 2018 година

0
By Светлана Јовановска on November 19, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Температурите на нашата планета растат, се зголемува концентрацијата на CO2, мразот го снемува. Податоците што ни ги испрати 22та Конференција против климатските промени КОП22 во Маракеш се алармантни.

Десетдневната КОП22, која заврши доцна синоќа, имаше за цел да ги натера земјите учеснички, речиси 200 потписници на Парискиот договор од 2015 година, да се обврзат на конкретни чекори.

КОП22 беше премногу техничка за да може да биде интересна за секој. Но, она што треба да се запомни од овие десет дена во Маракеш е обврската на земјите учеснички за примена на Парискиот договор. А тоа значи, температурата на земјината топка за престане да расте и да се задржи барем на сегашните 2 степени пораст. Целта е температурата да се намали за бар половина степен и да падне на 1,5 степен. Доколку ништо не се направи, температурата може да порасне за уште 3 степени во наредните децении.

Големиот успех на КОП22 во Маракеш е токму договорот дека нема враќање назад – климатските промени мора да се сопрат и Парискиот договор мора да биде применет. Кон крајот на 2018 година земјите повторно ќе седнат за да видат кој колку успеал да направи.

klima1

Најмоќните лидери кои неделава дојдоа во Маракеш – американскиот државен секретар Џон Кери, францускиот претседател Франсоа Митеран, африканските и азиските лидери – повторуваа дека нема враќање назад и борбата мора да продолжи.

Парискиот договор стапи на сила токму за време на КОП22 но во него нема санкции за земјите кои од него ќе отстапат. Токму од тие причини заложбата на лидерите е значајна.

klima3

Сепак, изборот на Доналд Трамп во САД, една од земјите која најмногу загадува, „висеше“ над КОП22. Неговите климато-скептични убедувања што тој не ги криеше за време на кампањата, беа сфатени како вистинска закана за напредок во борбата за намалување на температите на планетата.

Делегатите на КОП22 ја фиксираа 2018 година како датум за финализирање на Парискиот договор: «Во 2018 година ќе ѕвони ѕвончето кое сите ќе ги викне да се дојдат во класот и да го претстават билансот на нивните акции», изјави Лоранс Тубиана, француска амбасадорка за преговорите за климатски промени.

klima4

Парискиот текст е рамка која мора да биде претворена во дела на КОП24. Тогаш, во 2018 година, земјите ќе мораат да презентираат национални и амбициозни планови во кои јасно ќе кажат како мислат да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Македонија, која речиси 80 отсто од својата енергија ја добива од најголемите загадувачи јаглен и нафта, ќе треба да каже дали навистина има намера да ги реализира плановите за нови три централи на јаглен на своја територија. И како од сегашните 1 отсто обновлива енергија ќе мине на 20 отсто како што ветува.

Во 2018 година Македонија ќе мора да каже дали навистина ќе гради нови централи на јаглен како што планира.

Carbon Dioxide
Carbon Dioxide

Финансирањето на мерките исто така беше на масата на КОП22. Развиените земји, кои се најголеми загадувачи, ветија, уште во 2009 година, дека ќе вложат 100 милијарди долари до 2020 година да им помогнат на неразвиените во борбата против глобалното затоплување.

Но, досега ова ветување остана само на хартија. Единствено Германија, Италија, Шведска и Белгија дадоа 81 милион долари во Фондот за адаптација наменет за сиромашните земји.

Да споменеме само дека Македонија не е дел од списокот на сиромашни земји па така не може да се надева на помош во адаптирањењето на своите енергетски системи.

Едно од најголемите достигнувања на КОП22 беше договорот на земји кои се најкревки и врз кои климатските промени ќе имаат најмногу влијание. Тие се договорија да преминат, што е најбрзо можно, на 100 отсто обвновлива енергија и тоа најдоцна до 2030 година и 2050 година. Станува збор за земји од Африка, Азија, Караибските земји, Латинска Америка и земјите на Пацификот. Списокот на земјите може да го видите тука.

Последиците на глобалното затполување

Во 2016 година арктичкиот мраз е најмал досега изнесува 4,14 милиони км2. Во некои негови региони, како во Русија, температурата е за 6 до 7 степени повисока од нормалата.

Арктичкиот Океан ќе остане без мраз до 2030 година.

klima6

Концентрацијата на трите најголеми гасови загадувачи – карбон диоксид (CO2), метан и азотен протоксид  – го достигнаа највисоко ниво во 2016 година. Оваа тенденција ќе продолжи.

За секоја тона на CO2, како на пример едно патување помеѓу Њујорк и Париз по патник, произведува топење на 2 м2 мраз на Арктикот.

Нивото на океаните расте со околу 70 милиметри повеќе од мерењата од 1993 година.

Затоплувањето предизвикува ектремни климатолошки феномени како големи суши и бранови екстремна топлина, урагани, шумски пожари и поплави, тврди Светската метеоролошка организација. Овие феномени се дуплирани од 1990 година до денес.

Цената на чинење на овие феномени изнесува 520 милијарди долари годишно, тврди Светската банка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.