НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Златна ѕвезда“ на Синедејс за „Влажност“: Кои се другите наградени

0
By Нова ТВ on November 20, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Жирито во состав Чедомир Колар, еден од извонредните продуценти во холивудската индустрија и претседател на жирито,  Зринко Огреста, сценарист и режисер, професор по филмска режија на Академијата за драмски уметности во Загреб и член на Европската Филмска Академија во Берлин и македонскиот режисер Игор Иванов – Изи синоќа ги соопштија наградите во официјалната конкуренција.

Наградата за најдобар филм ја добива „Влажност“ во режија на Никола Љуца, затоа што со оригинален филмски јазик успева да ја разобличи современата брачна заедница, прикажувајќи ги апсурдот и хопокризијата со кои се соочени денешните генерации, во обидите да ги оддржат традиционалната форма и вредности.

Наградата за најдобра режија ја добива филмот „Убијци на тркала“ во режија на Атила Тил, затоа што преку жанровски обоена фикција ја одсликува социјалната реалност на една маргинализирана група, нурнувајќи длабоко во мотивите, фрустациите, немоќта и надежите на хендикепираните лица.

Наградата за најдобро сценарио ја добива филмот „Тони Ердман“ по сценарио и режија на Марен Аде, поради сугестивниот и силен, а воедно и духовит приказ на современото општество во кое таканаречените лажни вредности ја гушат секоја човечност, заканувајќи се да го разорат она што е суштинско и темелно- семејството.

За најдобар филм во категоријата СинеБалкан е прогласен  филмот „Не ми зјапај во чинијата“ на Хана Јусиќ.

„Кога си губитник, биди губитник до крај. Оваа реченица совршено ја опишува хероината на овој филм. Нејзината фамилија, како и градот во кој живее се опасно заразни, но недоволни за таа да замине. Единственото нешто што таа го поседува е нејзиното тело и слободата да прави што сака со него. Нејзиното тело е материјализиран крик.“Ne gledaj mi u pijat” е токму тоа, мачен и осамен крик“, се вели во образложението на жирито во состав, Если Ердем, продуцент од Турција, словенечката актерка Нина Раковец и словенечкиот режисер Дамир Чучиќ.

И годинава селектор на филмовите во официјалната селекција и во категоријата  „Синебалкан“ беше Бернд Будер,

Доделена е награда и за најдобар филм во категоријата Студентска програма. Наградата ја добива Сандра Јовановска за филмот „Страшилото крст“. Таа е студент на Академија за уметност, Универзитет во Нова Горица.

Жирито во состав, Влатко Галевски, Илина Јакимовска и Виолета Караџовска – Стојанова ги прогласи најдобрите на конкурсот за Филмска критика. Првата награда ја доби Фросина Крушкаровска, втората награда е за Владимир Лазороски, а третата награда оди во рацете на Вероника Камчевска.

награди Синедејс 2016
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.