Британската кралица Елизабета Втора следната година за гостин во Британија го планира новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп со цел да се зацврстат односите меѓу двете земји, објавија американски медиуми.
Цитирајќи официјални лица блиски до британската премиерка Тереза Меј, се вели и дека наскоро ќе започнат разговорите меѓу британските функционери и тимот на Трамп за да се договори неговата посета која би се одржала летно време во 2017.
Претходно би можела да се случи посета на Меј во САД, како што најавија од нејзиниот кабинет дека американскиот милијардер во неговиот прв телефонски разговор по победата на изборите ја повикал да го посети што е можно поскоро.
Ианку, мајката на Доналд Трамп, Мери Ен Меклод Трамп е Британка, родена во Шкотска.