НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија ја смени американската историја и Доналд стана претседател

0
By Светлана Јовановска on November 22, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Приказната почнува во 1905 година. Дедото на Доналд Трамп бил избркан од неговата татковина Германија и приморан да се отсели во САД.

Една административна одлука од тоа време вчера беше објавена во германскиот медиум Билд. Роланд Пол, германски историчар, во германските архиви го пронајде писмото во кое локалната администрација му наложува на Фридрих Трамп да ја напушти Германија.

Фридрих Трамп бил роден во 1869 година во Германија. Тој ја напушта својата земја и оди во Америка во 1885 година, на 16 годишна возраст, со надеж дека таму ќе успее да се збогати. Според британскиот Гардијан, тој отворил ресторан за трагачите по злато во Аљаска. Муштериите понекогаш ги плаќале своите оброци со трошки злато.

Но, во текот на една посета во родниот град во 1901 година, Фридрих се вљубува во Германката Елизабет Крист и се жени со неа една година подоцна. Елизабет е носталгична и сака да се врати во Германија. Така Фридрих решава, заедно со семејството, да се врати во родниот град Калштад во тогашното Кралство Баварска.

elisabeth_christ_-_friedrich_trump

Фридрих Трамп со сопругата Елизабет

Германија тоа не му го дозволила: “Американскиот граѓанин Фридрих Трамп, со живеалиште во Калштад, мора да ја напушти територијата на Баварска најдоцна на 1 мај. Во спротивно ќе биде депортиран”, пишува во писмото испратено на 1 февруари 1905 година.

friedrich_trump_family

Фридрих и Елизабет со синовите Фред (татко на Доналд) и Џон и ќерката Елизабет

Кога првиот пат ја напуштил Германија, дедото Трамп не ги извршил тогашните обврски кон државата кои би го ослободиле од служење на воениот рок. Администрацијата заклучила дека Фридрих Трамп избегал од воениот рок и обврските што тоа ги наметнува.

Дедото Трамп се обидува да остане во Германија. И му пишува писмо, на 27 февруари 1905 година, на принцот регент Луитполд. Во писмото тој му се умилкува и му се обраќа со “многу сакан, благороден, мудар, праведен и возвишен владетел”.

Но принцот ја одбива жалбата и Трамп со семејството ја напушта Германија на 1 јули 1905 година на параходот Пенсилванија. Елизабет е бремена и таткото на Доналд, Фред, се раѓа неколку месеци подоцна во Њујорк.

Германија Доналд Трамп Калштад Фридрих Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.