На автопат во северниот дел на Кина во верижен судар на возила загинаа 17 луѓе додека 37 се повредени.
Во сообраќајната несреќа која се случила во вечерните часови учествувале 56 возила. Според кинеските медиуми, лошите времени услови биле најголемиот виновник за ваквиот судар.
Температури под нулата за време на викендот го зафатија северниот дел на Кина а во некои делови патиштата се покриени со тенок слој од снег.
Оваа недела пак во Кина се очекуваат температури далеку под нулата.