НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработените во Југохром бараат да се вратат на работа

0
By Влатко Чаловски on November 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Точно напладне, вработените во комбинатот „Југохром“ денеска излегоа на протест во Скопје блокирајќи ја крстосницата пред Судска палата со барање да се вратат на своите работните места. Синдикатот на „Југохром“ бара да се тргне забраната за работа на фабриката затоа што, како што велат, возможно е поставувањето филтри во текот на работниот процес.

Вработените бараат да се повлече забраната за работа на комбинатот, од каде што велат дека егзистираат илјадници жители на Јегуновце и регионот.

„Југохром“ по барање на Државниот инспекторат за животна средина не работи од почетокот на месецот, кога беа исклучени печките, бидејќи сè уште не се поставени филтрите за отпрашување.

Тие забележуваат дека иако печките на „Југохром“ се исклучени, мерните станици во Тетово и понатаму бележат висока концентрација на штетни честички во воздухот.

Веднаш по протестот на вработените, министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети, огласувајќи се на прес-конференција рече дека ја разбира грижата на демонстрантите, но дека проблемот бил во раководството на комбинатот кој и понатаму немал поставено филтри, а не во Владата.

– Раководството на комбинатот мора најинтензивно и најбрзо да работи на поставување на филтрите за да може комбинатот да работи и вработените да се вратат на своите работни места. Го охрабрувам раководството на комбинатот да најде решение за барањето на вработените сe до поставувањето на филтрите, рече Амети на прес-конференција.

Министерот за животна средина додаде дека одлуката за затворање на комбинатот била конкретна мерка за да се намали нивото на загадување на воздухот во Тетово, но дека на смета на тоа, трпеле вработените.

Башким Амети воздух Југохром Македонија филтри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.