НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајанов: Тезата за федерализација е на ВМРО ДПМНЕ и МАНУ од 2001

0
By Нова ТВ on November 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Носителот на кандидатската листа во првата изборна единица на Коалицијата за Промени и Правда, Павле Трајанов на прес конференција рече дека тезата за некаква федерализација и кантонизација на Македонија што подолго време во јавноста се шпекулира и експлоатира е „стара приказна, која влече корени од 2001 година, кога раководството на ВМРО – ДПМНЕ, каде беше член и Никола Груевски, порачаа од МАНУ, проект за размена на територии и население, како и карти, за тоа како треба да се направи поделбата на Македонија“.

– Тие што заговараа поделба и разнебитување на државата, обвинуваат дека некој друг сака да го направи тоа.

Губитниците во политиката, кога немаат концепт за излез од кризата што ја генерирале или се фатени на дело во тежок криминал, се повикуваат на патриотизам, грижа за државата, како и тоа дека државата е загрозена од странски сили.

Нашиот став е кристално јасен и чист: Ние сме за Унитарна Македонија и најенергично ги отфрламе идеите за федерализација и кантонизација или било какви други поделби на државата и граѓаните, рече Трајанов.

Тој истакна дека врвен приоритет на Коалицијата за Промени и Правда е стабилноста и економскиот развој.

– Меѓу другото, ќе спроведеме референдум за работното време да почнува во 07:00 часот.

Тоа навидум е ситна работа, но од тоа зависи квалитетот на животот на семејството и посебно грижата за децата. За нас е најважен човекот и семејството, затоа предлагаме вакви решенија. Силата е кај граѓаните и затоа водиме сметка за нив.

Предлагаме и други промени корисни за граѓаните: 100 денари такса за остварување права пред судот, намалување на казни за физички и правни лица за две третини, укинување на радиодифузна такса и др. Коалицијата за Промени и Правда има одличен концепт за економски пресврт, во кој меѓу другото предвидуваме отворање на 30.000 мали фирми во кои ќе се вработуваат од 3-5 млади кадри, како и 2% од Буџетот за вработување и други проекти, повторно за невработените – млади и стручни кадри, , рече Трајанов на прес конференцијата.

Избори 2016 коалиција за промени и правда Трајанов федерализација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.