НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Совет на јавни обвинители: СЈО нема надлежност за случајот „Сопот“

0
By Нова ТВ on November 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалното јавно обвинителство не е надлежно за случајот „Сопот“, затоа што тој случај е од пред 2008 година, вели претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски.

„Ние сме одговорни за оценување на законските потези што ќе ги преземе Специјалното обвинителство. Кај нас е предметот, на следната седница ќе биде разгледан. Настанот се случил пред 13 години и Јанева не е овластена за настаните што се случиле пред 2008 година. Ние побаравме дополнителни информации од Специјалното обвинителство, но речиси еден месец не сме ги добиле информациите кои сме ги побарале“, велат од Советот на јавни обвинители.

Од СЈО велат дека независно од периодот кога се случил настанот, СЈО има право и надлежност да ги истражува случаите.

Специјалното јавно обвинителство пред неколку дена преку соопштение информираше дека на 4 ноември од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција го побарале предметот за случајот „Сопот“ за да одлучат дали овој предмет е во нивна надлежност, имајќи предвид „јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации во врска со случајот“.

Во разговорот објавен од лидерот на опозицијата, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и ексшефот на Управата за безбедност и контраразузнавање разговараат за тоа каква пресуда треба да биде донесена за овој случај.

Во „Сопот“, станува збор за судски процес во врска со подметнатата експлозивна направа во близина на кумановското село Сопот, од која во 2003 година загинаа двајца припадници од контингентот на НАТО и еден македонски државјанин, за што подоцна беа осудени 11 лица, етнички Албанци.

надлежност Петар Аневски предмет СЈО Случај Сопот Соет на јавни обвинители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.