НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

60 евра глас, тројца полицајци вмешани во изборен поткуп

0
By Нова ТВ on November 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За две лица ќе биде отворена кривична истрага за изборен поткуп, а за други тројца, вработени во Министерството за внатрешни работи Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди ќе отвори постапка, но за нив се очекува и суспензија од работните места сé до завршување на постапката, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Првоосомничената била член на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Прилеп и  вработена во државна институција, а се обидела да врбува сограѓанка ветувајќи и 60 евра за глас за владејачката партија. Улогата на тројцата униформирани припадници на МВР се уште се проверува, но како што се дознава тие ги придружувале осомничените кои нуделе поткуп за глас на парламентарните избори.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера ги посети Секторот за внатрешни работи- Битола и полициската станица Прилеп и уште еднаш потенцираше дека не смее да има никакви притисоци врз граѓаните на претстојните избори.

-Најстрого ќе биде казнет секој полицаец кој што ќе учествува во изборната кампања на било која од политичките партии. Има такви случаи во Струга и уште неколку места и преземени се одлучни мерки. Полицијата мора да биде сервис на граѓаните. Карактеристичен настан има во Прилеп, каде што од страна на двајца граѓани на Прилеп е пријавено нудење на поткуп во име на ВМРО-ДПМНЕ за глас на изборите. Поднесена е кривична пријава, известен е јавниот обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ваквите работи се недозволиви и доколку се случуваат ќе има енергична реакција на МВР. Апелирам до граѓаните доколку забележат ваков или било каков случај на злоупотреба од било кој политички субјект веднаш да го пријават во полициската станица. Доколку почувствуваат притисок од било кој државен орган или било кој раководител веднаш да го известат МВР за да можат да се преземат соодветни мерки- рече министерот Спасовски.

избори МВР Оливер Спасовски поткуп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.