НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Сите измени во МВР се правени според Законот за Влада

0
By Влатко Чаловски on December 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Отфрлајќи ја претставката на заменикот Оливер Андонов поднесена до Антикорупциската комисија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вели единствените решенија за распоредување на вработени во МВР, ги правел согласно  член 44 став 4 и 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија кои предвидуваат дека министерот може да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања на пониско или повисоко место на носител на раководна позиција.

– Нагласувам дека  сите овие решенија за  распоредување  на работниците на конкретни работни места во Министерството се донесени пред денот на донесување на Одлуката за распишување на избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија. Од друга страна, заради  нормалното функционирање на МВР и поради недостаток на работници во одредени организациски единици во МВР, после денот на донесување Одлука за распишување на избори за избор на пратеници во Собранието, се донесени Наредби со кои определени работници се задолжуваат  да извршуваат работи и задачи  од конкретни работни места каде се појавува недостаток од полициски кадар, за ограничен временски период од 30 дена, објасни денеска Спасовски.

Тој вели тие наредби не претставуваат Решенија за распоредување и тоа е исклучиво законско право на Министерот за внатрешни работи регулирано со член 153 и 154 од Законот за внатрешни работи.

– Вакви наредби потпишувам секојдневно на предлог од директорот на БЈБ и за нив нема никаква реакција. Министерството за внатрешни работи е  еден од најголемите и најчувствителните државни органи со над 12.000 вработени и можете да замислите што ќе се случи доколку престанам да потпишувам акти со кои ќе се сопре тековното функционирање на органот, рече министерот.

Тој истакна дека го почитува  Мислењето на Државната комисија за спречување на корупција бр. 42-6980/2 од 09.09.2016 година и Мислењето  бр. 12-4119/25 од 16.11.2016 година  доставено до Министерството за внатрешни работи  каде јасно  е наведено дека од денот на донесување на Одлука за распишување на избори до завршување на изборот на пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија постои законска пречка да се врши распоредување и унапредување на лица вработени во органите на државната управа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, јавните установи, независни регулаторни тела основани од државата, трговските друштва основани од државата и други институции основани од државата и други државни органи.

Според него, Државната комисија за спречување корупција со денешните постапки, само покажува дека нема капацитет да биде нешто повеќе од партиска инсталација  на Владата и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Антикорупциска комисија Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.