Еден-два победа на Норвежаните на првиот супервелеслалом во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање што се возеше Вал Д’изер. Првото место во францускиот зимски центар го освои Кјетил Јансруд со време 1:21,66 минути пред сонароникот Аксел Лунд Свиндал (+17 стотинки). Трет резултат на целта забележа Доминик Парис (+41 стотинка). Бранителот на Кристалниот глобус во дисциплината, Александер Амот Килде заврши на 22 позиција (+1,57 минути).
Јансруд во Вал Д’изер ја прослави седмата победа во кариерата во супервелеслалом, за Свиндал, пак, ова беше прв настап по едногодишна пауза поради операцијата напредните вкрстени лигаменти на коленото.