Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Не кантонизација, туку конфискација на украденото

0
By Нова ТВ on December 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 4, 2016 10:36

Федерализацијата е само во главата на Груевски. Кантонизацијата која што ја споменува не знам од каде му паднала на памет. Веројатно мисли на конфискацијата што ќе ја има после овој грабеж што се случи, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

 Лидерот на опзицијата смета дека јавната администарција, пензионерите и сите на кои им е ветена работа, не треба да стравуваат со промената на власта.

„ Уште еднаш јавно потенцирам дека влакно од главата на никого нема да му фали. Секако, ако некој не си ја врши работата, ако не доаѓа на работа како и секаде, но од политички причини некој да изгуби работно место, тоа никогаш повеќе во Македонија нема да се случи, затоа што видовме ваквите поделби или какви било поделби до каде нè донесоа. Ќе се трудиме да ја зголемиме ефикасноста и ефективноста од самото работење. Рационализација ќе правиме во делот на неопходните потреби, таму каде што недостига. На пример,потребни се негувателки во градинките. Ќе ја воведеме втората смена, за да може и тој што работи во администрација да заврши некоја работа поручек. Во рамките на овие мерки и можности ќе се обидеме да ја сочуваме администрацијата, но да биде продуктивна, да дава придонес во БДП-то во Македонија“, изјави Заев за Радио Слободна Европа.

Тој нагласи дека просечна плата до 30 илјади денари реално може да се обезбеди иако стопанството е осиромашено.

 „Ние се научивме на еден куп мерки од владата за коишто не кажуваа буџетски импликации. Од буџетот мора да има импликации ако сакате да ја завртите таа турбина. Еднаш ако заврти, понатаму сама ќе предизвикува движење. Ќе го објаснам тоа. Ако државата трансферира 9 илјади денари во една мала фирма за да може да и помогне да ја покачи платата од минимална од 9,5 илјади денари на 14 илјади со тенденција да стане 16 илјади. Тоа ја отвора спиралата на сите плати. Самата зголемена потрошувачка моќ кај граѓаните овозможува кај дуќанчето, наместо да оди со профит од 5 отсто, да оди со 15 отсто. Самото дуќанче веќе има акумулација да даде поголема плата и целото тоа го подигнува целиот праг на нивото на платите до нешто што претставува една аспирација близу до Хрватска. Секако, Хрватска има некои 770 евра просечна плата, но трендот може да биде тој, македонското стопанство тоа го може. Притоа конкурентноста може само да се засили и зголеми без да ја намалиме конкурентната моќ на секоја приватна фирма во Македонија и на домашниот и на меѓународниот пазар, но сум убеден дека резултатите од покачувањето на платите ќе бидат видливи во многу брз период. Еве да кажеме на половина на мандатот веќе ќе се знае, минималната плата ќе достигне 14-15 илјади денари, просечната плата да стигне до некаде 27-28 илјади денари до средината на мандатот. Ветувањата ни се за до крајот на мандатот“, рече Заев.

Што се однесува до прашањето за јазиците, Заев смета дека и дале причина на ВМРО ДПМНЕ за кампања, тие повторно ќе оделе со некоја со некоја националистичка реторика и тука воопшто нема дилеми.

“Добро е тоа што тоа веќе не поминува никаде. Федерализацијата е само во главата на Груевски. Кантонизацијата којашто ја споменува не знам од каде му паднала на памет. Веројатно мисли на конфискацијата, конфискацијата ќе ја има во Македонија, и тоа како после овој грабеж што се случи, но унитарноста на државата се гарантира само со сплотеност, со рамноправност, со еднаквост. Со вакви национализми и поделби, таа се урнисува“, рече Заев.

Во однос на употребата на јазиците, тој вели дека Законот во Македонија е јасен, нашиот Устав е европски и либерален и ги гарантира сите правата на граѓаните, само треба нивна примена.

„Ниту Устав ќе се менува, ниту има потреба од промена на некои законски решенија. Постојниот Устав и постојниот закон дава можност за практична реализација на потребите на граѓаните од овој аспект. Тие само тоа го бараат. Јас ги кажав примерите со детето со талент по музика. Буквално не може да се запише на основно музичко образование оти нема професор по теорија и солфеж. И Уставот и законот тоа го гарантира, зошто не се спроведува? Бабичката не може да добие нега за трето лице поради тоа што некому не му било ќеф да и одговори на албански јазик во општина во која постои двојазичност. Денеска имаме еклатантни примери. Шуто Оризари има по закон право да зборува на ромски, зашто има повеќе од 20 отсто Роми. Зошто не се применува законот? Покрај македонскиот, зборуваат и на албански јазик.“, вели Заев.

Лидерот на опозицијата, Заев нагласи дека ништо нема да се случи надвор од Уставот во однос на ова прашање.

„ Овие квазинационалисти од двете страни, јас така ги нарекувам, буквално тајно, под маса ги договараат законите за на крај ништо да не спроведат од самите закони. Затоа чувството на одредени наши граѓани од помалите етнички заедници дека оваа држава за некои е мајка, за некои маќеа. Не, државата мора да биде подеднакво мајка за сите, еднаква за сите за да може да си ја сакаме, да ја чуваме, да се бориме, тоа го зацврстува унитарниот карактер на Македонија“, рече Заев во интервјуто за Радио Слободна Европа.

 

Заев интервју јазик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.