НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ристовски: Ќе се борам за враќање на регистарот на педофили

0
By Нова ТВ on May 15, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски изјави дека верува дека уставните судии во финалната фаза од одлучувањето по иницијативите за постапка за три члена од Законот, ќе постапат правилно и нема да укинат одредби од законот кој е на сила од 2012 година.

Република Македонија е одговорна земја и пред се е ставен интересот на децата за што ќе продолжи со имплементација на Законот за посебен регистар на педофили и ќе направиме се за да ги заштитиме децата, изјави денеска министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

Тој повторно истакна дека е шокиран од фактот што била прифатена иницијатива на пет педофили, кои се сторители и потенцијални повторители на ова кривично дело во услови кога ќе го завршат извршувањето на казната, нешто, што рече, го покажува и теоријата и праксата и меѓународните искуства.

– Во оваа прилика би апелирал барем малку да се одвои време и секој граѓанин да истражи преку интернет. Еве јас ќе помогнам и ќе ги насочам да го проверат случајот на девојчето Меган Канка во САД кое во 1994 година е злоупотребено по сите основи и е убиено. Овој случај е основ за соодветната држава во САД да го донесе првиот закон за посебен регистар на педофили. Потоа тој случај го користат голем број на држави во САД. Така јавноста во Америка, каде има прилично голема злоупотреба на децата и јавно се говори за неа, го направи револуционерниот чекор во насока на заштита на децата, рече Ристовски.

Тој додаде дека се уште го нема добиено образложението од Уставниот суд во врска со нивната одлука за прифаќање на иницијативата на пет педофили кои издржуваат затворска казна, за оценување на уставност на неколку одредби од Законот за регистар на педофили.

Уставниот суд минатата недела поведе постапка за три члена од Законот за посебен регистар на лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, донесен во 2012 година.

Поведувањето на постапката е затоа што Судот смета дека членот 5, во ставовите 2 и 3 не е доволно прецизен бидејќи се навлегува во личниот и семејниот живот на осуденикот и членовите на неговото семејство, како и во личниот и семејниот живот на жртвата.

Mинистерот Ристовски побара од Уставниот суд според законот донесен во 2012 година да се објават имињата и фотографиите на осудените педофили на веб-сајт кој секој може да го посети.

Спротивно од ова, таквите одредби од законот, според Судот, немаат уставна основа по член 18 и 25, со оглед дека со член 18 од Уставот се гарантира тајноста на личните податоци, а со член 25 се гарантира личниот и семејниот живот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.