НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Барние: Времето е кратко за ситничарење во процесот Брегзит

0
By Нова ТВ on December 6, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според главниот преговарач на Европската унија во процесот за Брегзит, Мишел Барние, Велика Британија ќе мора да постигне договор за излез од европското семејство до октомври 2018.

Тој вели Британците не смеат да ги одолговлекуваат преговорите за лични цели, а како пример го наведува пазарот. Берние е дециден дека времето е кратко бидејќи во март веќе мора да започне двегодишниот процес на активирање на членот 50.

– Времето ќе биде кратко. Јасно е дека периодот ќе биде помал од две години. На почетокот, во тие две години се вклучени и воспоставувањата на водичи и активирање на процесот. На крајот, секако договорот мора да биде потврден и од Советот и од Европскиот парламент. И Велика Британија ќе треба да го потврди, и се’ тоа треба да се направи за две години, изјави Французинот.

Барние беше назначен за главен преговарач на ЕУ на 1.октомври од страна на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој рече дека „сака искусен политичар за тешката задача“.

Медијаторот помеѓу Владата на Тереса Меј и ЕУ рече дека досега разговарал со влади од земјите-членки на ЕУ во однос Брегзит, притоа напоменувајќи дека не смее процесот да започен без Кралството и официјално него го активира членот 50.

– Да се биде член на Европската унија носи права и бенефиции. Другите земји кои не се дел од ЕУ не може да ги уживаат истите тие права и бенефиции бидејќи нема да подлежат на истите регулативи, потенцираше Барние.

Европскиот преговарач е дециден дека четирите слободи кои доаѓаат со Единствениот пазар на ЕУ (а помеѓу нив и слободата на движење) се неделиви, и „ситничарењето“ како што вели тој, не е опција на која треба да смета Велика Британија.

брегзит ЕУ Мишел Барние
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.