НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИРИ: Идната влада ќе мора да ја врати довербата во политичкиот систем

0
By Нова ТВ on December 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во својот предизборен мониторинг на предвремените парламентарни избори во Македонија, Меѓународниот републикански институт (ИРИ) пишува дека анкетите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во македонскиот блок, а ДУИ во албанскиот, но со намалено мнозинство. Според ИРИ анкетите исто така укажуваат на значителен процент на неопределени гласачи кои можат го зголемат рејтингот на опозициските партии.

Според ИРИ, на овие избори се очекува излезност над 60 отсто.

„На 11 декември, гласачите во Република Македонија ќе излезат на гласачките места да го дадат својот глас за парламентарните избори  во очи актуелната политичка криза во државата. Изборите се одржуваат како резултат на политички договор постигнат со посредништво на Европската унија, САД а се сметаат за показател дека политичката ситуација во државата се стабилизира. Мисијата на Канцеларијата на ОБСЕ во за демократски институции и човекови права, за меѓународен мониторинг пријави “број на обвинувања за притисоци врз вработените во јавниот сектор да гласаат за конкретни политички партии”, иако атмосферата во предизборниот период е мирна. Додека анкетите покажуваат кон победа за владејачката ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, широкиот песимизам откриен од неодамнешните анкети и значителниот процент на неопределени гласачи може да го намали водството на коалицијата и потенцијално да ги наруши нивните односи. Идната влада ќе мора да преземе мерки да ја врати довербата во политичкиот систем, со оглед дека вербата во интегритетот во македонската демократија во очите на електоратот е нарушена поради политичката криза во изминатите две години. Се очекува дека изборите ќе овозможат стабилизација на политичката клима во Македонија“, пишува во предизборниот мониторинг.

Овие избори, според Институтот се важни затоа што се првите избори по почетокот на политичката криза во земјата, од 2014 година и откривањето на прислушуваните материјали во 2015 година. Начинот на кој ќе се спроведат изборите ќе се смета како доказ за способноста на владата да ги примени итните реформски приоритети поставени од страна на ЕУ, и ќе претставуваат клучен чекор кон враќање на државата на патот за евроиентеграција.

еднопартиски избори избори ИРИ криза мониторинг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.