Американската администрација соопшти дека кинеската ракета која беше лансирана неделава, е прва проба на ракетен пресретнувач, што може да биде користен и за уништување на сателити во орбитата на Земјата.
Ракетата е лансирана од центарот за лансирање сателити во Сичанг, во западниот дел на земјата и носела научна опрема за истражување на земјината магнетна сфера.
Според Пентагон, регистрирани се неколку предмети во текот на летот, но не е забележано поставување на објекти во орбитата или дека некои од предметите поврзани со лансирањето останале во вселената.
Ракетата може да биде користена во иднина за носење антисателитско оружје на такви слични патувања, покажуваат американските разознавачки податоци.