НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорчев: 453.000 граѓани ќе бидат гневни ако им се земе победата

2
By Нова ТВ on December 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По обраќањето на Зоран Заев, претставникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на прес-конференција порача дека победата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна и кристално чиста и дека Заев не смее да помислува на сценарија кои можат да ја дестабилизираат земјава.

– Имаме јасна победа во гласови во изборни едници и тоа потврдена и констатирана. Зоран Заев доби се што бараше. Доби услови кои никој во светот не ги добил и граѓаните одлучија да го поразат него и неговата политика. Тие одлучија да ја задржат унитарноста и уставниот поредок. За тоа кој ќе ја состава владата не одлучува Заев туку граѓаните. Народот гласаше, вели Ѓорчев.

Според него, лидерот на СДСМ на денешната прес-конференција се заканувал, кога апелираше до останатите партии да не коалицираат со Никола Груевски и да го слушнат гласот на народот.

– Нека води сметка дека се заканува на 453.000 граѓани на Македонија. Тие се народот, а тој гласаше и нема намера да му дозволат на Заев и грст луѓе околу него, да ја украдат демократски изразената волја на граѓаните на Република Македонија. Заев и тие околу него треба да знаат дека си играат со трпението и гневот на трпелив човек. Доколку некој се обиде да го украде тоа, трпението ќе премине во гнев, рече Ѓорчев.

Тој потенцираше дека изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ ја верификувале меѓународните инситутции, ДИК и останатите земји со кои Македонија има билатерални односи.

– Ни требаат честитки и сплотеност. Во други земји се честитала победа во САД, во Германија во Италија за минимални разлики а Заев не треба да ја турка Македонија во сценарио кое не е добро за земјата, дополни Ѓорчев.

– Во оваа нивна лакрдија имаат намера да ја носат Македонија таму каде што никој не сака. ДИК пред сегашноста и пред историјата треба да има интегритет. Таа треба да има јасен став. Знаеме дека изборите беа кристално чисти. Ајде да се заврши и во европски манир да си честитаме и да престане ова сценарио за подривање и дестабилизација. 453.000  граѓани нема да дозволат да им се украде победата, порача Ѓорчев без притоа да одговара на новинарски прашања.

Влатко Ѓорчев ВМРО-ДПМНЕ Дик избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.