НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бекингамска палата во Л.А.: Новиот дом на Бекамови со 110 простории

0
By Нова ТВ on December 14, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шестчленото семејство Бекамови е пред селидба. Англиската фудбалска и модна икона и неговата сопруга Викторија решија и каде. Остануваат во Лос Анџелес, но вилата ја заменуваат со резиденција што, според извор близок на семејството, е веќе завршена работа. Огромниот имот што го пикираа е во сопственост на Петра Еклстон и нејзиниот партнер Дејвид Стант, има 14 спални соби, 27 тоалети и бањи и се проценува на 185 милиони фунти.

Британските медиуми веќе пишуваа дека Дејвид Бекам и Викторија интензивно трагаат по ново живеалиште во Калифорнија бидејќи вилата што досега ја поседуваа во Лос Aнџелес им станала тесна. Се протега на површина од 1.200 квадратни метри и во неа се вселија во јуни во 2007 година. Поради плановите за селење и желбата за нов и поголем дом, лани ја огласија на продажба за, речиси, двојно поголема цена. Најголемите забелешки, наводно, се однесуваат што нема фудбалско игралиште.

Прв станар во новата вила на Бекамови, според пишувања на медиумите, била Кенди Спелинг, вдовица на славниот холивудски продуцент Арон Спелинг. Изградена е во осумдесетите години на минатиот век, а Петра Еклстон ја купи во 2011 година за 67 милиони фунти.

Резиденцијалниот објект има 110 простории, меѓу нив и веќе споменатите спални, тоалети и бањи, куглана, берберница, кино, винска визба, теретана, солариум, соба за пакување на подароци. Надградена е со фризерски салон и салон за масажа, музеј за кукли, паркинг за 100 автомобили. Во дворот има базен, тениско игралиште и мини игралиште за фудбал.

По вселувањето на славното семејство е најавено правење на модна патека за промоција на креациите на Викторија и музичко студио за Круз, најмалиот од тројцата синови на Бекамови покрај кои ја имаат и петгодишна ќеркичка.

Арон Спелинг Викторија Бекам Дејвис Бекам Лос Анџелес Петра Еклстон Резиденција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.