НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски е гневен што нема решение со кое ќе го заклучи СЈО

0
By Борјан Јовановски on December 15, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Треба да се запрашаме кому би му послужил граѓански конфликт – на Груевски или на земјата? Одговорите се многу едноставни – ова е приказна за спасувачка мисија на еден гневен политичар. 

Пишува: Борјан Јовановски

Никола Груевски не може да формира влада која ќе ја исполни неговата основна цел – ставањето клуч на вратата на СЈО и суд кој ќе остане под негова контрола. Секому му е јасно дека ова е невозможна мисија без разлика кој и како ќе составува влада. И ова Груевски го знае.  И токму ова е единствената причина за неговиот гнев. Во позицијата во која се наоѓа нему му преостанува уште една карта со која би можел да се спаси, а тоа е подигање на тензиите до ниво на граѓански конфликт во кој тој ја има контролата.

Само така Груевски може да има преговарачка позиција која евентуално би му обезбедила ескивирање од неминовинте процеси на реетаблирање на владеењето на правото во државата. Прашањето кое се поставува е дали сите ние, цела Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби и сите други, ќе го ставиме во залог она што ни е најсвето – Македонија, за интересот на Груевски и мала група на луѓе околу него засегнати од работата на СЈО.

На Македонија како никогаш досега и треба единство и обединување околу најпатриотската кауза- мирна, стабилна, праведна и европска Македонија. ВМРО ДПМНЕ е голема партија и важен политички субјект на македонската политичка сцена. Во и околу таа партија има вредни и чесни луѓе. Време е ВМРО ДПМНЕ да ја одигра својата историска улога содржана во нејзиниот наслов. Партија за македонско национално единство. На Македонија и треба широк консензус демонстриран во Собранието кој ќе застане цврсто зад Влада со единствена платформа да ги спроведе што поскоро , во најкус можен рок ургентните реформи од кои зависи нашата европска перспектива и нужната стабилност.

Во националното единство е потребно ВМРО ДПМНЕ кое оваа своја историска улога може да ја одигра само и само ако се ослободи од луѓето кои ја узурпираат и компромитираат каузата на оваа партија. Време е во партиските тела да се отвараат вратите за демократијата и да се побара оставка од актуелното раководство. На тој начин не само што ВМРО ДПМНЕ ќе ги отвори пристапите кон неа од сите страни и партии како клучен партнер во креирањето на иднината на Македонија. Воедно, тоа е единствениот лек партијата да се ослободи од сите грди слики налепени на неа, а кои произлегоа од прислушуваните разговори. Конечно, ако некој победи на овие избори тоа е визијата на речиси сите полтички партии за продолжување на мандатот на СЈО и формирање на специјален суд. СДСМ, ДУИ, БЕСА, ДПА и Алијансата, сите застана зад ова. Тука може да се додаат и сите скоро над 50.000 гласови на партиите како ВМРО-НАРОДНА, ЛЕВИЦА, ЛП и други кои завршија без да се ефектуираат во пратенички мандати. Тоа е јасно изразена волја на огромно мнозинство на граѓани од сите етнички групи.

Да се оди против таа изразена волја е отворање на врати за нова уште подлабока политичка, но и безбедносна криза. Широк консензус за подршка на експертска влада која ќе му го расчисти патот на СЈО да ги реализира сите процеси во рамките на основните принципи на владеењто на правото конечно е и опција самиот Груевски и неговата екипа во фер судски процес да докажат дека се невини како што тврдат и со тоа да си го повратат лидерското место во партијата. Но и обратно, ако не успеат да ги отфрлат обвиненијата да си ја превземаат моралната и законска одговорност. Секое друго сценарио, особено ова кое се развива во моментов, значи смрт за Македонија и дефинитивен пораз на идеалите на нашата и сите минати генерации Македонци.

ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.