Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експерти: Краткорочни и долгорочни мерки неопходни за аерозагаденоста

2
By Влатко Чаловски on December 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 22, 2016 16:10

Од 900 до 1.000 смртни случаи се резултат на зголемената аерозагаденост во земјава, а Македонија е петта во Европа по стапка на смртност од загаденоста на воздухот преку ПМ10 честичките, алармираат експертите од ова поле.

Во пораст се и малигните болести, и тоа велат познавачите на проблемот, треба што поскоро да се среди со долгорочни и краткорочни мерки во сите сектори.

– Кога е највисока аерозагаденоста и кога се ниски температурите тогаш доаѓа и врвот на бројот на смртни случаи кај постарите или хронично болните. Мерките за намалување на загаденоста се интра-секторски. Урбанистичкото планирање треба да биде такво да еколошкиот елемент биде важен, што кај нас не е така. Над 90 отсто од возилата во Македонија, во Европа не би ги прифатиле бидејќи користат еколошки необработливо гориво. Потребно е да се внимава и на начинот на кој се греат луѓето во зима. Треба синхронизирана акција, вели Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје.

Тој дополнува дека се потребни низа трибини и кампањи за да се зголеми свеста кај граѓаните, за да сфатат дека тие имаат огромен удел во загаденоста на воздухот.

Професорот Трајче Стафилов од Институтот за хемија на Природно – математичкиот факултет, вели најголеми извори на загадување претставува индустријата, а особено согорувањето на горивата.

– Најголемиот удел е од согорувањата во домаќинствата и индустриските објекти. Можните решенија треба да бидат долгорочни од градските органи на ниво на држава како и Владата, за да се намали ваквата состојба, вели Стафилов.

Според него, и покрај тоа што некои проекти за решавање на проблемот се скапи, од некаде сепак мора да се почне.

Тој алармира дека потребни се и краткорочни мерки, особено од политичарите, за кои вели, треба да бидат похрабри кога се работи за овој горлив проблем, бидејќи е во интерес на граѓаните.

Стафилов вели меѓу нив, потребни се мерки за редуцирање на сообраќајот и за бесплатен превоз во јавниот транспорт.

Инаку Бугарија, Србија, Црна Гора, Романија и Унгарија, се земјите каде што загадувањето е поголемо од Македонија.

Ѓорѓев и Стафилов денеска беа учесници во првата научна конференција каде што имаа свои излагања со научни информации за причините за загадувањето на воздухот во градовите низ републикава како и решенија за справување со овој многу сериозен проблем.

Конференцијата беше организирана преку проектот “City Tree”, спроведуван од Еко-свест а финансиски поддржан од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија.

аерозагаденост воздух јавен транспорт Македонија мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.