НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) 39 загинати во терористички напад во Истанбул

5
By Нова ТВ on January 1, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку 39 луѓе загинаа, меѓу кои 16 се странски државјани, а 69 лица се повредени во нападот на ноќниот клуб Реина во Истанбул. Човек облечен како Дедо Мраз еден час по полноќ, на влезот во клубот најпрво убил еден полицаец, а потоа влегол во ноќниот клуб и пукал во гостите со автоматска пушка, јавуваат медиумите.

Сулејман Сојлу, министерот за внатрешни работи на Турција изјавил дека полицијата уште трага по „терористот“. За турските власти нема сомневање дека станува за уште еден терористички напад. И Васип Сахин, градоначалникот на Истанбул во изјавата за медиумите вели дека станува збор за терористички напад чија цел биле недолжни луѓе кои во клубот го славеле доаѓањето на Новата година.

Во клубот, кој сместен на брегот на Босфор во европскиот дел на Истанбул, имало околу 600 гости. Многумина од луѓето во паниката скокале во водите на Босфор. Во спасувањето учествувале и бротчиња на морнарицата.

Полицијата дошла во клубот многу брзо по нападот, но напаѓачот успеал да избега. За време на новогодишната ноќ, како мерка на безбедност, низ улиците на Истанбул биле распоредени 17.000 полицајци, многумина преправени како Дедо Мраз или како улични продавачи.

Барак Обама,претседателот на САД во заминување беше меѓу првите светски лидери кои изрази сичувство за загубата на невини жртви и на Турција ѝ понуди секаква неопходна помош по овој настан.

Во 2016 година Анкара и Истанбул беа цел на неколку терористички напади за кои одговорноста ја преземаа или ИСИС или курдските бунтовници. Во тие напади загинаа повеќе од 180 луѓе.

https://www.youtube.com/watch?v=6e_vpR-dlJ4

Истанбул терористички напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.