Хилари и Бил Клинтон ќе присуствуваат на претседателската инаугурација на 20 јануари. Поранешнитте претседатели се секогаш присустни на овој чин, без оглед на која партија и припаѓаат.
Но, присуството на Хилари Клинтон ќе биде посебно интересно со оглед на тоа дека освен како поранешна Прва дама, беше и главен ривал на Доналд Трамп на изборите.
Последен пат Клинтон и Трамп беа во иста просторија заедно по нивната трета дебата во Њујорк.
Слична ситуација се случи во 2000 година, кога Ал Гор, потпретседателот на заминување, присуствуваше на инаугурацијата на Џорџ Буш, кој го победи Гор во тогашните избори.