Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич изјави дека ЕУ oчекува брзо формирање на нова влада и спроведување на реформите.
– Се надеваме на брзо формирање на новата влада со широка политичка поддршка која ќе овозможи имплементирање на сите делови од Договорот од Пржинo и Итните реформски приоритети, изјави Коцијанчич.
Изјавата дојде откако претседателот на Ѓорге Иванов вчера му го предаде мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за формирање влада.
– Во оваа фаза, единствено што можам да кажам е дека ние одблиску ја следиме ситуацијата. Како што рековме во минатото, ние, во рамки на уставните рокови, очекуваме брзо формирање на нова стабилна влада. Ние, исто така, сакаме да видиме итна имплементација на реформите и решавање на прашањата за системското владеење на правото. Во овој контекст, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме земјата на нејзиниот европски интеграциски процес, рече Коцијанчич.