Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неквалитетната или преоптоварената мрежа причина за мракот во Аеродром

0
By Нова ТВ on January 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 12, 2017 18:05

Неколку стотина домаќинства во општина Аеродром вчера останаа без струја. Темница било само околу десетина минути, но од Нова година, во оваа општина струја снемува секој ден, а некогаш и по неколку пати на ден. Од ЕВН секојдневно најавуваат дека работат на подобрување на квалитетот на дистрибутивната мрежа, но овие секојдневни дефекти не укажуваат на тоа.

Се јавивме во ЕВН и да прашаме во што е проблемот? Дали е до неквалитетната мрежа, некакво преоптоварување или пак станува збор за рестрикции?

На прашањето од ЕВН ни одговорија дека во услови на ниски температури, нормално било да има преоптовареност на мрежата и да снемува струја. Од таму, причината за ова ја наоѓаат во тоа што премногу домаќинства се исклучиле од парно и почнале да се греат на струја, а тоа не го пријавиле во ЕВН кои во вакви случаи треба да ги зголеми капацитетите на мрежата.

„Нормално е таму при вака ниски температури да имаме зголемена потрошувачка и нормално е да  горат осигурувачите и да имаме чести дефекти кога мрежата не е димензионирана за користење на електричната енергија за затоплување. Мрежата е подготвена да ги издржи големите товари, освен одредени проблеми евентуално може да се појават онаму каде имаме корисници кои имаат стари енергетски согласности, или имаат енергетска согласност за многу помал капацитет од она што во моментот им треба. Такви се населените места каде порано биле објектите со мала квадратура а сега се двојно или повеќепати поголеми и имаат поголема потрошувачка а немаат побарано соодветен капацитет“, велат од ЕВН.

Инаку веќе неколку дена, од СДСМ обвинуваат дека поради испад на третиот блок во РЕК Битола, во Македонија нема доволно струја и од тие причини ЕЛЕМ набавува струја која е прескапа во однос на она што го дозволува Регулаторната комисија за енергетика.

„Ситуацијата со недостиг на струја за домаќинствата е многу сериозна! Засега проблемот се решава со многу скап увоз на струја, што до вчера ги чинеше граѓаните на Македонија околу половина милион евра, само за два дена. За 5 дена, граѓаните на Македонија, поради несериозната власт којашто во студ ги остави без домашна струја ќе платат огромни речиси 2.000.000 евра! Ќе се увезува струја и следната недела. Ќе се одлеваат нови милиони евра ваши пари за скапиот увоз. Распишан е нов тендер за увоз на струја за периодот од 14 до 22 јануари“, пишува во соопштението на СДСМ.

Изминатите неколку дена АД ЕЛЕМ купи струја од четири компании, „ГЕНИ“, „ЕДС“, „ИНТЕРЕНЕРГО“ И „Данцхе комодитис“ по цени кои се движеа од 140 до 219 евра за мегават час.

Инаку во годишниот најнов извештај на Секретаријатот на Енергетската задница кој ги оценува обврските на договорните страни за транспонирање на Третиот енергетски пакет за електрична енергија и гас упатени се критики кон монополската позиција на ЕВН, која засега единствена смее да им продава струја на домаќинствата. На први јануари 2015 година требаше да се отвори пазарот за струја за домаќинствата. Во текот ан 2014 година приватни компании почнаа да се подготвуваат за либерализацијата, вработуваа луѓе, правеа пакети за струја, инвестираа, дури и почнаа да ги рекламираат своите услуги. Тогаш владата одлучи да и овозможи на ЕВН да го задржи монополот, што своевремено го навлече гневот на Европската енергетска заедница, а инвеститорите останаа со куси ракави и залудно потрошени инвестиции.

дистрибуција ЕВН мрежа струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.