Лина Ѓорческа мина уште една пречка во квалификациите за Австралија опен. Првиот македонски рекет ја совлада Далма Галфи од Унгарија со 6:1, 6:1 и до главниот турнир ја дели само уште една пречка – најтешката, највисоката. Тоа е Швајцарката Стефани Фогел, прва носителка во женскиот дел од квалификациите за гренслемот.
Ѓорческа се задржа, речиси, двојно помалку на теренот против Галфи од мечот во првото коло со Викери. Ја презеде иницијативата и наметна ритам што унгарската тинејџерка не успеа да го следи. Забележа шест аса, првиот сервис го погоди 33 пати од 49 обиди пришто освои 25 поени. Речиси непогрешлива беше при излегувањата на мрежа, искористи пет од 14 брејк шанси и освои речиси двојно повеќе поени (64:38)