Стефан Петерхансел е победник на „Рели Дакар 2017“ во конкуренција на автомобилисти. Французинот остана лидер во генералниот пласман пред сонародниците и тимски колеги од „Пежо“, Себастијан Лев и Сирил Деспре за, воедно, и прв подиум со тројца возачи од ист производител на автомобили по 1990 година.
За Петерхансел ова е 13 титула на „Рели Дакар“ по дебито во 1991 година, седма како автомобилист. Останатите шест ги освои во конкуренција на мотоциклисти.
Најдобар меѓу мотоциклистите на годинашното издание на релито е Британецот Сем Сандерленд.
Победата во конкуренција на квадови ја однесе Сергеј Карјакин од Русија, во конкуренција на УТВ возила најбрз беше Бразилецот Леандро Торес, а севкупен триумф кај камионџиите прослави Русинот Едуард Николаев.
На „Рели Дакар“ оваа година се возеа преку 9.000 километри. Трката беше првично замислена низ 12 етапи од кои две, сепак, беа откажани поради лошо време во Боливија и во Аргентина.