Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Бар: Изгоре куќата на хуманистот каде летуваа деца со хендикеп

0
By Нова ТВ on January 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 15, 2017 19:16

Изгоре куќата на познатиот хуманист Ален Ефовиќ од Бар кој секое лето им овозможуваше бесплатен одмор на преку 150 деца со пречки во развојот од регионот вклучувајќи ги децата од Македонија. Пожарот избил во 5 часот наутро и во целост го уништил приземјето на куќата.

„Во куќата немаше никој, а огнот се прошири и на останатите објекти во близина“, изјавил за Вјести, Велимир Ќаѓеновиќ началник на Службата за заштита и спасување.

Ефовиќ е претседател на  хуманитарната организација„ Хуманитарно семејство“ и веќе десет години, два пати во текот на летото ги отвора вратите за децата со посебни потреби. Во местото Добра вода, каде што се наоѓа куќата секоја година  летуваат деца од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и во последните пет години и деца од Македонија.

Ефовиќ  досега им овозможил бесплатно летување на преку 500 деца од Македонија кои доаѓаат во неговата куќа со придружба на членови на семејството. Преку оваа хуманитарна организација секоја година во јуни и во септември бесплатно летуваат деца со аутизам, со пречки во развојот, со телесен инвалидитет, со слепило.

„Тој е најголемиот хуман човек што го познавам, го сакам и почитувам како татко, ве молам кој може нека помогне да се санира неговата куќа, за повторно лицата со посебни потреби да можат да летуваати да уживаат во неговиот топол дом“, напиша на својот Фејсбук профил Беира Салифовска која има слепило.

Таа за НОВА раскажа како секоја година, редовно летува во куќата на Ефтовиќ.

„Таму се правеа, концерти, забави, тој ни овозможуваше се што ќе посакаме и редовно организираше излет во манастирот Острог“вели Беира.

Ефовиќ живее и работи во Париз. Неговата хуманост е позната пошироко и тој секоја сезона ја почнува и ја завршува со децата со пречки во разбојот за кои што обезбезбедува сместување, храна, лекарска помош доколку треба, им ги плаќа лежалките на плажа и се друго што им е потребно.

„Тој прави сето она што не го прави државата“, рече една мајка на која ова и единствена можност да го однесе нејзиното дете на море.

Бесплатно летување за децата со посебни потреби заедно со Ефовиќ организираат и неговите соседи. Сето тоа го прават на сопствен трошок и со помош на спонзорства од многу фирми.

куќа пожар хуманист
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.