НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осум богаташи поседуваат пари колку половината од светското население

0
By Нова ТВ on January 16, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најбогатите осум лица на светот поседуваат онолку колку и половината на светското население, вели извештајот на Оксфам, британска невладина организација која се занимава со нееднаквоста и сиромаштијата во светот.

Нееднаквоста во светот е силно зголемена во последните 12 месеци. Најбогатите осуммина се Бил Гејтс, Амансио Ортега, Ворен Бафет, Карлос Слим Хелу, Џеф Безос, Марк Цукерберг, Лари Елисон и Мајкл Блумберг. Минатата година овие луѓе поседувале 426 милијарди долари. Од друга страна, 3,6 милијарди луѓе поседувале 409 милијарди долари.

Според Оксфам, имотот на првиот супер милијардер во светот за 25 години ќе ја надмине за обичниот човек незмисливата сума од илјада милијарди долари. За да се потроши оваа сума потребно е да се троши милион долари дневно во текот на 2.738 години!

Пред една година половината од светското богатсто го делеле 62 милијадери и за една година тие станале само осуммина! Податоците покажуваат дека нееднаквоста драматично се зголемува особено поради развојот на Кина и Индија, анализира Оксфам.

Најбогатите луѓе и големите мултинационални фирми си озбезбедуваат бенефиции на штета на општиот интерес. Тие користат агресивни мерки за да не плаќаат даноци и ги користат земјите даночните рајови. Најголемите фирми заработиле повеќе пари од 180 земји.

Оваа нееднаквост ја доведува во опасност ионака кревката, а некаде непостоечка, социјална кохезија, ја спречува борбата против сиромаштијата и претставува темпирана бомба за демократијата.

Извештајот е наменет пред се за политичарите, економистите и бизнисмените кои неделава се собираат на редовниот Економскиот форум во Давос.

Амансио Ортега Бил Гејтс богатство Ворен Бафет Карлос Слим Хелу Лари Елисон Мајкл Блумберг Марк Цукерберг нееднаквост Оксфам супермилијардери Џеф Безос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.