Американската централна разузнавачка служба (ЦИА) постави на Интернет 12 милиони страници материјал од кој е симната ознаката доверливо, објави порталот Базфид.
Порталот овој потег на ЦИА го споредува со објавувањето на податоци за кубанскиот лидер Фидел Кастро, пред неколку децении.
ЦИА тогаш ја симна ознаката доврливо од 26 документи за Кастро, што се сметаше за голем чекор на една од тајинствените државни агенции во отворањето кон јавноста.
Меѓутоа, за да се види што пишува во документите, треба да се дојде до просторијата на архивата во точно време, под услов еден од четирите компјутери што се на располагање да биде слободен.
ЦИА денеска го постави целото досие на Кастро на својот сајт заедно со сите овие 12 милиони страници, кои не и беа достапни на јавноста, на новинарите и на историчарите речиси две децении.
Базфид објавува дека во документите има податоци за различни теми како нацистичките воени злосторства, експерименти на контрола на умот, улогата на ЦИА во симнување на владите во Чиле и Иран…
Претходно новинарите и историчарите и покрај ограничениот пристап, од базата на податоци извлекоа околу 1,1 милион страници.
Се до денеска ЦИА не попушташе на притисокот од јавноста за објавување на целата база.
Експертите сметаат дека симнувањето на ознаката доверливо од документите не значи ништо доколку не биде овозможен пристап до нив.