НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарите до Трамп: Ние ги поставуваме правилата, не Вие

0
By Нова ТВ on January 18, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американските новинари му упатија отворено писмо на идниот претседател Доналд Трамп. Во него, како што велат, сакаат да го појаснат нивниот став за односот на неговата администрација кон американските новинари.

-Нема да е изненадување за Вас дека сметаме оти овие односи се затегнати. Извештаите во изминатите неколку дена дека Вашиот функционер задолжен за осноси со јавноста ги затвора канцелариите на медиумите во Белата куќа, се последни во серијата потези кои беа присутни во текот на кампањата: Вие забранивте медиумски куќи да ја покриваат Вашата кампања, го користевте Твитер  за да се подбивате и да се заканувате на поедини новинари и со тоа ги охрабривте вашите поддржувачи да го прават истото. Се залагавте за полабави закони за клевета и се заканувавте со бројни ваши тужби, од кои ниту една не се оствари. Секогаш кога можевте, ги избегнувавте медиумите и застапувавте норми на групно известување и известување од редовни прес конфренции. Исмевавте новинар ако напишеше нешто што не ви се допаѓа, нарекувајќи го дека е лице со попреченост.

Сето ова, се разбира, е ваш избор и, на некој начин, Ваше право. И покрај тоа што Уставот ја штити слободата на печатот, тој не диктира дека претседателот мора да го почитува тоа; редовни конференции за печат не се содржани во документот.

Но, како што Вие имате право да одлучувате за вашите правила за однесување на прес-конференциите, така и ние има некои исто така. На крајот, вам за влијание ви е потребно нашето време во етерот и бројот на редови во весниците.  Ние, а не Вие, одлучуваме како на најдобар начим ќе им служиме на нашите читатели, слушатели и гледачи. Затоа она што следува, сметајте го како основ за она што треба да го очекувате од нас во следните 4 години“, се вели во писмото.

Пристап

Пристап е посакуван, но не е клучен. Вие може да одлучите да не дозволите пристап на новинарите до Вашата администрација. Сметаме дека тоа би било грешка, но тоа е Ваш избор. Ние сме многу добри во изнаоѓање алтернативни начини за да дојдеме до информации; Всушност, некои од најдобрите извештаи за време на кампањата беа од медиумите на кои им беше забранет пристап на вашите собири. Тоа што им кажувате на новинарите дека нема да имаат пристап до нешто, не е она што го посакуваме, но е предизвик што ние го сакаме.

Она што се нарекува „неофицијално“ и другите основни правила се работи кои ние ги поставуваме, а не Вие. Ние може да се согласиме да разговараме неофицијално со некои ваши претставници, но може и да не се согласиме. Ние може да присуствуваме на некои подготвителни брифинзи или на некои неофицијални настани, или може да ги избегнуваме. Тоа е наш избор. Доколку мислите дека новинарите кои не се согласуваат со правилата и се исклучени, нема да ја дознаат приказната, видете го погоре напишаното.

Ние одлучуваме колку време во етерот ќе им дадеме на Вашите портпароли и претставници. Ние ќе се обидеме да го добиеме Вашиот став, дури и кога сакате да не замолчите. Но, тоа не значи дека ние сме обрзани да им го отстапиме нашиот простор во етерот или во весниците на луѓе кои постојано ја искривуваат вистината. Ние ќе ги посочиме кога ќе го прават тоа и го задржуваме правото, во најфлагрантните случаи, да не ги објавуваме во нашите медиуми.

Ние веруваме дека постои објективна вистина, и ќе се придржуваме до тоа. Кога Вие или вашите претставници ќе кажат или ќе напишат на Твитер нешто што е очигледно погрешно, ние тоа постојано ќе го посочуваме. Фактите се она до што ние се држиме, и немаме обврска да повторуваме лажни тврдења.

Ние ќе го следиме секој детал од работата на владата. Вие и вашите вработени се во Белата куќа, но американската влада е нешто пошироко.

Нашите репортери ќе бидат насекаде во владата, ќе бидат внатре во вашите агенции, ќе имаат извори меѓу бирократите. А резултатот ќе биде, додека вие се обидувате да го контролирате она што излегува од Западното крило, ние ќе имаме превласт во покривањето на тоа како се спроведуваат вашите политики.

Стандарди

Ние ќе поставиме повисоки стандарди за себе од кога било досега. Вие кај нас имате досие на истакнување на сериозна и широкораспространета недоверба во медиумите во целиот политички спектар. Вашата кампања придонесе за тоа, и тоа беше аларм за нас. Ние мора да ја вратиме довербата. И тоа ќе го направиме тоа преку точно и храбро известување, признавајќи ги нашите грешки и почитувајќи ги најстрогите етички стандарди кои си ги поставивме за себе.

Ние ќе работиме заедно. Вие се обидовте да не поделите и да ја искористите конкурентноста меѓу новинарите за да предизвикате внатрешни битки во фелата. Тие денови стануваат минато. Ние сега сфаќаме дека предизвикот да ве следиме бара да соработуваме и да си помагаме секогаш кога тое е можно. Секогаш кога ќе замолчите или игнорирате новинар на прес-конференција, кој ќе каже нешто не ви се допаѓа, вие ќе се соочите со обединет фронт.

Соработка

Ние ќе работиме заедно на стории кога тоа има смисла, и бидете сигурни дека светот ќе ги слушне важните информации што ќе ги пишуваат нашите колеги. Ние, се разбира, и натаму  ќе имаме несогласувања, па дури и важни дебати, за етиката или за проценката или фер коментар. Но, тие дебати ние ќе ги отвораме и ќе ги затвораме.

Ние играме игра на долги патеки. Најдоброо сценарио е дека ќе ја извршувате оваа работи 8 години.

Ние сме тука од основањето на републиката, и нашата улога во оваа голема демократија постојано се потврдува и се зајакнува. Вие не принудивте да преиспитаме повеќето од фундаменталните прашања за тоа кои сме и зошто сме тука.

За тоа сме Ви многу благодарни, му напишаа американските новинари во отвореното писмо на Трамп, на крајот пожелувајќи му : „Уживајте во Вашата инаугурација“.

 

новинари отворено писмо Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.